сабота, април 08, 2006

Полиња жито, ридишта крв: Патиштата кон националноста во грчка Македонија, 1870 - 1990

Книга која предизвикала и сеуште предизвикува контраверзи во грчката јавност е докторската дисертација на Анастасија Каракасиду одбранета во 1992 г., а објавена пет години подоцна, во 1997 г., во издание на The University of Chicago Press со наслов Полиња жито, ридишта крв: Патиштата кон националноста во грчка Македонија, 1870 – 1990. Книгата на Каракасиду е преведена на македонски јазик, објавена во издание на Магор во 2002 година. Преводот од англиски на македонски јазик е на Анета Маркоска Чубриновска и Ема Маркоска Милчин.

Во книгата, од антрополошко – историски аспект се обработуваат низа теми поврзани со „патиштата кои воделе кон изградувањето на националноста во денешна грчка Македонија“. Главниот предмет на истражувањето е етничката структура на населението во Егејска Македонија во периодот од 1870 до 1990 година.

Каракасиду, во своето дело, конкретно ги истражува промените во етничката структура на населението во едно село во Егејска Македонија, Ѓувезна (денешен Асирос). Преку примерите во Ѓувезна, Каракасиду ја поставува својата теза дека сето она што не било грчко во Егејска Македонија, во периодот по Балканските војни, преку свесна политика на тогашните грчки власти, било „набркано од јавната сфера, потиснато во заборавот, обележано како срамно и валкано“. За ова најдобро сведочи примерот со извесна Паскалина, постара жителка на Ѓувезна. Имено, Каракасиду врз основа на интервјуата направени со оваа жителка на Ѓувезна со македонско потекло, а врз основа на научна методологија, ја поставува тезата дека Паскалина сиот свој живот морала да го прикрива својот национален идентитет плашејќи се од реакциите на нејзините соседи Грци. Нејзиниот страв одел дотаму што во првите интервјуа со Каракасиду направени во 1989 г., Паскалина прикривала делови од семејната историја. Подоцна, откако Каракасиду успеала да ја придобие довербата на старата Паскалина, таа целосно се „отвора“ пред микрофонот на научникот и ја кажува својата автентична историја.

Делото на Каракасиду е школски пример за научна објективност. Таа во манир на голем научник се издигнува над сопствените стравови од можната негативна јавна реакција и отворено пишува за процесите на асимилација на македонското население во Егејска Македонија. „Научничката доблест на Каракасиду е докажана и со фактот дека таа не го заобиколува ниту откритието дека процесот на погрчување во Леринско, ни од далеку не е толку успешен како што е асимилацијата спроведена во Ѓувезна“.

Library Journal: „Ретко може да се сретне научна книга толку вознемирувачка колку ова провокативно дело, студија за етницитетот во грчката провинција Македонија. Таа е толку контраверзна што издавачката куќа на Универзитетот Кембриџ, плашејќи се за безбедноста на својот персонал во Грција, одби да ја објави. ....Опседнатоста на Каракасиду со вистината ја соочи со закани со смрт од некои разгневени Грци. Нејзината моќно напишана книга, гласна изјава на човечка храброст, ги потсетува читателите дека нема замена за чесноста и критичката мисла“.

Денес, Анастасија Каракасиду е професор по антропологија на Wellesley College.

п.с.
Текстот го постирав пред два дена. во почетокот сосема нормално се појави на блогот, ама веќе наредниот ден исчезна. Мислев дека сум направил грешка во испраќањето. Затоа истиот текст го препраќам по втор пат.

4 коментари:

Анонимен рече...

a be bolno kopile,praveno vo g`z..od mocka..ako si do tolku isfrustriran gomnar..odi leci se dodeka ima vreme..i simni se od kurot na nekoi..zakaci se na tie sto gi zastapuvas..

Драган Зајковски рече...

Види имроко, не се секирај. Многу е важно да побараш професионална помош. Без гајле.
Додуша, во твојот случај можеби ќе има потреба од хоспитализација, но не се секирај, докторите од психијатрија ќе ти ја пружат целосната потребна нега. Можеби ќе треба подолго време да те задржат на испитување и терапија, но на крајот ќе излезеш релативно здрав и без поголеми последици.

Многу е важно редовно да ја земаш препишаната терапија.

Докторите од психијатрија се вистински професионалци. Без гајле, гледале они и потешки случаи од твојот. Во почеток ќе бидеш на јаки седативи, но по извесно време резултатите ќе дојдат сами по себе.

Многу е важно самиот да бидеш свесен дека имаш проблем. Во спротивно твоите најблиски ќе мораат да те носат присилно на лекар. Затоа побарај помош на време. Не бери гајле - и поголеми умови од тебе имале шизофренија па со соодветен медицински третман сосема нормално се вклопувале во средината.

Доколку некогаш повторно почувствуваш желба да се испразниш и да оставиш сличен коментар како овој, прво длабоко земи воздух, потоа обавезно на време земи си ги лекарствата, а ако и тоа не ти помогне тогаш јави се во брза помош.
бројот на Брзата помош е 194. Ќе дојдат ќе ти бапнат инјекција и ќе се смириш.

Ти пожелувам брзо да оздравиш

Анонимен рече...

На овега не му е потребен доктор, глеам ногу си се изарџил за онега (100% нема ни име ни презиме ниту па мозок ) А то доктурине на гла можат да залечат нешо али то требит да имет мозок.

Анонимен рече...

Открыла интрнет магазин, попосмотреть ванночку для маникюра, и нечаянно мой сын нажал "добавить в корзину". У меня появилась в корзине ванночка для маникюра, покупать яее не хочу, в магазине не зарегированна, могулит мне ее прислать?
[url=http://www.2nt.ru/go/ruserotik.php]Молодежное видео[/url]
[url=http://2nt.ru/go/serial.php]Вообще любой сериал и особенно новинки я качаю тут [/url]
[url=http://2nt.ru/go/teets.php]Молодежное видео тут[/url]