петок, април 07, 2006

Некогаш и сега: Манастирот Св.Наум Охридски



Еден од убедливо најубавите средновековни манастири во Македонија е манастирот Св.Наум кој се наоѓа на југоисточниот брег на Охридското Езеро.. Изграден во периодот меѓу 893 и 900 г. за ктитор на манастирот се смета лично Свети Наум Чудотворец Охридски. По смртта на светецот во 910 г. неговите мошти биле погребани внатре во манастирската црква, каде се наоѓаат и денес; во десната (јужна) просторија од влезот во црквата.

Во првите стотина години по доаѓањето на Османлиите во Македонија, манастирот бил оставен на забот на времето; во периодот од крајот на XIV до XVI век манастирот руинирал. Во XVII век манастирскиот комплекс бил обновен; на темелите на постариот средновековен храм била изградена нова црква. Во 1662 г. игуменот Гаврил, во рамките на манастирскиот комплекс, изградил болница.

Во 1711 г. манастирот делумно настрадал од пожар. Истата година штетите од пожарот биле делумно санирани. Таа година се датира живописувањето на реновираниот храм, како и изработката на иконостасот. Се смета дека автор на живописот од 1711 г. е јеромонахот Константин.

Во XIX век манастирот Св.Наум Охридски на двапати страда од пожар. Првиот пат во 1845 г., а, пак, вториот пожар, кога всушност изгорел целиот манастир, се датира во 1870 година. Подоцна манастирот бил целосно обновен.

Првата фотографија е направена на просторот позади манастирската црква; отприлика во 1958/59 година. Втората фотографија е направена минатото лето на 1-ви август.

2 коментари:

Анонимен рече...

Ti treba ushte edna fotografija so Srpskata kraslka kambanarija shto ja urna pokojniot pop-politichar i nashminkan arheolog Vaslil Lahtov
bratot na revolucionerkata kata Lahtova za koj ima mnogu pointeresna sudbina od mnogu do sega shto sum gi cul.Od nekolkute prebegnuvanja vo Bugarija za kratko drushtvo na Venko pa se do
negoviot strashen son i
negovata strashna smrt kaj Bukovo.
Vredi i da istrazhish i da napishesh edna fantastichna sudbina.

lahtov рече...

Pred da pocnis da pisuvas za covek sto ne go posnavas PRVO nauci gi Faktite pa psle pisuvaj.
FTORO pokazi si go liceto i addresata za da mozam da dojdam da ti ja vidam facata i da ti gi kazam faktite za pokojnit DOKTOR VASIL LAHTOV.
lesno da pisuvas za covek koj ne mozi da se brani i da se krijas ,
ako si mas pokazise i kazimu na cel svet koj si ti isto ti imas napraveno,kolku skola si zavarsil, deka ova sto go imas pisano samo nepismen covek ke mozi da pisi
Familija Lahtovi