четврток, март 30, 2006

Салвадор Дали: „Фигура на прозорец“


Салвадор Дали (1904 – 1989) е еден од највлијателните сликари на XX век. Под силно влијание на психоананалитиката на Фројд и париските суреалисти, неговото творештво важи за едно од најрепрезентативните во XX век. Неговата „муза“ била Гала – жена која имала пресудна улога во неговиот живот и творештво.

Во следните неколку четвртоци имам намера да постирам некои од неговите најпрепознатливи дела.

Прво е делото насловено како „Фигура на прозорецот“; насликано во 1925 година. Познавачите на творештвото на Дали претпоставуваат дека девојката потпрена на прозорецот е неговата сестра Ана - Марија.

„Фигура на прозорецот“ е едно од моите омилени дела на Салвадор Дали и затоа решив со него да ја започнам предвиденава серија постови.

2 коментари:

Анонимен рече...

еве ме кај тебе на гости..Го обожавам Дали..столица за нишање...полусон..лажица..метален тањир..алфа бранови...праскот на метал...будење...ама она вистинското..поздрав и ќе те следам со серијалот...

Анонимен рече...

You have an outstanding good and well structured site. I enjoyed browsing through it order generic tenuate for diet http://www.incorporatingcompanyunitedkingdom.info/Bmw-r100-gs.html black jack winning system Ice cream vending machine business