Сепак, друго сакам да кажам. Претставата се одржа во Домот на културата „Димитар Влахов“ во скопска Автокоманда (позади полициската, одма до месната заедница). Прв пат вчера имав прилика да влезам во објектот и се фрапирав. Однадвор наликува на „пристоен магацин“, а внатрешниот ентериер на објектот, салата и бината, оддаваат впечаток на селска задруга од 1947 година. Ѕидовите не се бојадисани од „бугарско“ време, столчињата не се сменети од Петтиот пленум на Бриони во 1959 година. Внатре б’зди на неискречено и мувла, a греењето... Е греење нема. Што ќе им е тој луксуз. Со еден збор објектот е во катастрофална состојба. Очигледно дека таму не е реновирано од времето на Тито – не Тито Петковски туку Јоже Броз.
Според новиот закон за децентрализација Домот на културата „Димитар Влахов“ во Автокоманда е под ингеренциите на општина Гази Баба. Оттаму, на премиерата во понеделникот, присуствувале лично градоначалникот и глаучите од Советот на општината. Ги имало и од позицијата и од опозицијата. Поводот бил некој јубилеј или слично... Сето тоа е убаво. Но едно ме интересира: како се чувствувале градоначалникот Коце и другарчињата од Советот (ВеМеРо-вци, СеДеСеМ– ОВЦИ, Народњаци, Дуиџии, Либерали и др.) кога виделе во каква состојба им е општинскиот културен дом. Дали се срамеле пред гостите или баш им чуело.
Глаучите од Советот на Гази Баба не можат да се правдаат дека не знаат во каква состојба им е општинскиот дом на културата; лично се увериле во фактичката состојба. Ако имаат и малку морал мораат под итно да најдат начин да го санираат објектот, за да може да заличи на пристојно место на културата.
А ако тоа го направи актуелниот градоначалник Коце Трајановски, ама не пред избори туку сега на средината од мандатот, еве јас јавно ветувам дека ќе го прекршам мојот завет на апстинисање од избори (ами од што друго:))) и ќе го заокружам бројчето на Коце. Ако нешто воопшто му значи мојот глас.
На мое големо изненадување - морам да признаам пријатно - експресно реагираа од кабинетот на г-динот градоначалник Коце Трајановски. Од одговорот следува заклучокот дека домовите на културата, вклучително и домот „Димитар Влахов“ сеуште се под ингеренција на градот Скопје и Трифун Костовски како градоначалник. Ама пошто Трифке више го интересира да снима песни со Арсен Дедиќ отколку да се грижи за градот (и Пенов беше исто ѓубре, болен за власт, освен проектот за Калето и кејот) тогаш воопшто не ме изненадува фактот што Домот на културата во Автокоманда е во ваква очајна состојба.
За состојбата во која се наоѓа домот Димитар Влахов преку e-mail ги известив и надлежните во кабинетот на Трифке. Останува да видиме каков ќе биде нивниот одговор, ако воопшто го има.
Во продолжение следува одговорот од кабинетот на градоначалникот на Гази Баба.
Почитуван г-дин Зајковски,
Во таа насока, ние правиме напор истите да ни припаднат нам како Општина Гази Баба, и на тој начин да имаме ингеренции и законски претпоставки истите да ги доведеме во една нормална физичка состојба, а потоа преку културна активност го збогатиме културното живеење во општината.
Се надеваме дека и вие како и останатите граѓани на општина Гази Баба, ќе ни помогнете во нашите напори тој културен дом, како и останатите два, да ни припадне нам како општина.
со почит,
Општина Гази Баба
Сашко Трајков
советник за информациски и протоколарни активности.
1 коментар:
Excellent, love it! »
Објави коментар