Пред се, тука, централно место зазема прашањето за етничкото потекло на Сумерците. Во врска со оваа проблематика, до Втората Светска Војна преовладувале неколку теории; според првата теорија Сумерците дошле од Централна Азија – од Кавказ или од Ерменија; според втората теорија која се темели на една сумерска легенда, Сумерците впловиле во Персискиот залив најверојатно од Египет па потоа полека напредувале движејќи се по р.Тигар и р.Еуфрат; според третата теорија Сумерците потекнувале од Суза, теорија која се заснова на фактот дека во Суза е најдена скулптура на глава од човек која ги има сите карактеристики на сумерскиот тип; според четвртата теорија Сумерците имале монголско потекло; а пак последната петта теорија претпоставувала дека тие се автохтоно население кое го населувало Сумер од давнини.
Денес во современата наука преовладува мислењето дека прататковината на Сумерците треба да се бара во планинските предели на Анатолија. Од таму, тие во V милениум се доселиле во Месопотамија, или поточно во нејзиниот јужен дел, Сумер. Оваа теорија, меѓу другото, се заснова на неколку факти. Првиот е дека Сумерците во својот пантеон, меѓу останатите, имаат планински божества, а притоа се знае дека Сумер е рамнинска област без планини. Освен тоа тие градат зигурати чија основна намена е религиската. Зигуратите се храмови каде пребиваат боговите. Нивната симболика најверојатно е поврзана со планината на чиишто врвови исто така живеат боговите.
Друг факт кој оди во прилог на теоријата дека Сумерците најверојатно потекнуваат од Анатолија е тоа што сумерскиот јазик, иако не е ист, сепак, тој во многу наликува на урало-алтајските јазици на кои говореле племињата од Кавказјето и Анатолија.
Ако ја прифатиме оваа теорија како точна тогаш логично е да се претпостави дека Сумерците на територијата на Месопотамија наишле на староседелско прото-сумерско население кое со текот на времето го асимилирале. Оваа миграција на Сумерците од Анатолија во Сумер се дарира негде околу 3200 г. пред Ис.Хр.
Сепак, и покрај големата веројатност на претпоставката дека Сумерците потекнуваат од Анатолија, поради недостатокот од наративни и материјални извори, прашањето за етничкото потекло на Сумерците сеуште останува отворено. Речиси со сигурност се знае дека Сумерците не се Семити.
1 коментар:
This is very interesting site... Muscle and zocor Inyasha hentai Effexor depot penis Subaru forester dog guard Net machine slot picnic backpacks
Објави коментар