вторник, март 14, 2006

за крајот на историјата, Фукујама и нашите

По падот на реал - социјализмот во Европа и распадот на поранешниот СССР во почетокот на 90-те години од минатиот век, само неколку земји во светот останаа на ,,патот на изградбата на безкласно општество. Во ова друштво на ,,народни републики, кои можат да се избројат со прстите на едната рака, релевантна улога во меѓународните односи има единствено Кина.

Сепак, настаните во Непал, како и оние поврзани со левичарското движење во Јужна Америка (Венецуела, Перу, Чиле, Боливија) ја оставаат отворена за полемика тезата на Френсис Фукујама за крајот на историјата; теза поставена во почетокот на 90-те години од XX век. Според Фукујама либералната демократија е најдобро и со тоа последно политичко уредување во светската историја со кое ќе заврши историјатот на општествено – политичките уредувања.

Оваа теза на Фукујама за крајот на историјата наидува на сериозни критики. Нејзините критичари велат дека е премногу смело да се тврди дека, во поблиска или подалечна иднина, некои нови историски услови нема да доведат до појава на нови општествено – политички и економски односи различни од либералната демократија на Фукујама.

Сепак, во постојниве историски услови, либералната – демократија, и тоа онаа од скандинавски тип, изгледа како „единствената добра понуда на пазарот“. Факт е дека во моментов (а по се изгледа и во блиска иднина) либералната –демократија тешко може да има сериозна демократска алтернатива.

Дали со либералната демократија ќе заврши историскиот развој на општествено – политичките односи? Тешко веројатно. Дали либерално – демократските општества се идеални? Тешко веројатно. Но во исто време: Дали во моментов постои вистинска алтернатива на либерално – демократското општество? Апсолутно НЕ.

Доколку внимателно го читаме Фукујама ќе видиме дека тој поставува три предуслови за развој на либерал-демократско општество. Прв предуслов е државата да има задоволителен степен на социјално – економска развиеност; втор предуслов е сите етнички малцинства да се интегрирани во општеството и истите државата во која живеат да ја чувствуваат за своја; и трет предуслов за изградба на вистинска либерал-демократија е државата да има дефинирани граници, без отворени или латентни закани по нивната безбедност.

Во овој контекст, прашањето е дали Македонија ги исполнува трите предуслови за развој на вистинско либерал-демократско општество, од типот на скандинавските демократии, или сеуште сме заглавени во виртуелниот свет на постсоцијалистичката транзиција.

Притоа, као допунско питање се поставуе: Дали во Македоња има политички партии со вистинска либерално – демократска ориентација. Тука мислам на двете партии со либерален предзнак; ЛП и ЛДП. Се кладам со коефициент 2,50 дека нашите либерали, Столе - андол и Пенчо - бившиот, а богами и Стевица такозвани медвед, воопшто не слушнале за Фукујама. Дури и ако слушнале, мислат дека е актер од некој јапански порно филм (ова особено важи за „либерал-демократот“ Шапурко).

2 коментари:

nikolani рече...

Мислам дека општественото уредување и не е така важно за напредокот на одредени земји или одредени народи-нации. Словенија беше прва во социјализмот, прва е и во капитализмот.Македонија последна во социјализмот последна и во капитализмот.Суштината на општиот развој на една држава зависи пред се од нивото на културен и образовен развој. Светогледот на жителите т.е. граѓаните на една земја го детермитира вкупниот просперитет.

Драган Зајковски рече...

Апсолутно тачно:)))