Сепак, настаните во Непал, како и оние поврзани со левичарското движење во Јужна Америка (Венецуела, Перу, Чиле, Боливија) ја оставаат отворена за полемика тезата на Френсис Фукујама за крајот на историјата; теза поставена во почетокот на 90-те години од XX век. Според Фукујама либералната демократија е најдобро и со тоа последно политичко уредување во светската историја со кое ќе заврши историјатот на општествено – политичките уредувања.
Оваа теза на Фукујама за крајот на историјата наидува на сериозни критики. Нејзините критичари велат дека е премногу смело да се тврди дека, во поблиска или подалечна иднина, некои нови историски услови нема да доведат до појава на нови општествено – политички и економски односи различни од либералната демократија на Фукујама.
Сепак, во постојниве историски услови, либералната – демократија, и тоа онаа од скандинавски тип, изгледа како „единствената добра понуда на пазарот“. Факт е дека во моментов (а по се изгледа и во блиска иднина) либералната –демократија тешко може да има сериозна демократска алтернатива.
Дали со либералната демократија ќе заврши историскиот развој на општествено – политичките односи? Тешко веројатно. Дали либерално – демократските општества се идеални? Тешко веројатно. Но во исто време: Дали во моментов постои вистинска алтернатива на либерално – демократското општество? Апсолутно НЕ.
Доколку внимателно го читаме Фукујама ќе видиме дека тој поставува три предуслови за развој на либерал-демократско општество. Прв предуслов е државата да има задоволителен степен на социјално – економска развиеност; втор предуслов е сите етнички малцинства да се интегрирани во општеството и истите државата во која живеат да ја чувствуваат за своја; и трет предуслов за изградба на вистинска либерал-демократија е државата да има дефинирани граници, без отворени или латентни закани по нивната безбедност.
Во овој контекст, прашањето е дали Македонија ги исполнува трите предуслови за развој на вистинско либерал-демократско општество, од типот на скандинавските демократии, или сеуште сме заглавени во виртуелниот свет на постсоцијалистичката транзиција.
Притоа, као допунско питање се поставуе: Дали во Македоња има политички партии со вистинска либерално – демократска ориентација. Тука мислам на двете партии со либерален предзнак; ЛП и ЛДП. Се кладам со коефициент 2,50 дека нашите либерали, Столе - андол и Пенчо - бившиот, а богами и Стевица такозвани медвед, воопшто не слушнале за Фукујама. Дури и ако слушнале, мислат дека е актер од некој јапански порно филм (ова особено важи за „либерал-демократот“ Шапурко).
2 коментари:
Мислам дека општественото уредување и не е така важно за напредокот на одредени земји или одредени народи-нации. Словенија беше прва во социјализмот, прва е и во капитализмот.Македонија последна во социјализмот последна и во капитализмот.Суштината на општиот развој на една држава зависи пред се од нивото на културен и образовен развој. Светогледот на жителите т.е. граѓаните на една земја го детермитира вкупниот просперитет.
Апсолутно тачно:)))
Објави коментар