Како што подолго време се шушкаше, а Фрч го потврди во неговата колумна во Дневник, во месеците пред разгорувањето на војната во Хрватска, лордот Карингтон зад кого стоеле британските гаранции, на српското раководство му понудил план за избегнување на војната во СФРЈ. Според планот, Србите во Хрватска требало да добијат целосна културна автономија со извесни политички примеси, а на српската заедница во Босна и се признавало правото на политичка конститутивност и уставно преуредување на босанската држава преку децентрализација. Милошевиќ овој предлог глатко го одбил. Причините за ова веројатно треба да се бараат во проценката на српското раководство дека со помош на ЈНА ќе успее да ја оствари шовинистичката големодржавна агенда на Брана Црнчевиќ, Добрица Ќосиќ и другите идиоти од САНУ. Сличен предлог за статусот на српската заедница во Хрватска „беше во игра“ се до Олуја. Но, Милошевиќ, Шешељ и нивната банда не сакаа ниту да слушнат. Катастрофално лоша проценка.
Како што обично бива, секогаш кога ќе се пропушти шанса следува казна. Така и во српскиот случај. Само 10-на и кусур години по пропуштената шанса за мирно раздружување, Србија не само што ги изгуби сите војни туку е на најдобар пат да биде прва од поранешните ју - републики која ќе изгуби дел од својата територија – Косово. Само 15 години од одбивањето на понудата за културна автономија, и започнувањето на војната, српската заедница во Хрватска е десеткувана. Србите од Хрватска се иселени, а оние кои останале во „лијепа наша“ се обичен декор. Рашковиќ си пукаше во глава, Бабиќ се обеси во Хаг, а Мартиќ животот ќе го помине играјќи баскет во некој затвор; Плавшичка староста ќе ја помине во ќелија, Кољевиќ сам си пресуди, а Караџиќ и Младиќ се „у мишја рупа“ – да ти еб*м животот кога постојано мораш да се криеш.
Наспроти сите последици од политиката на Милошевиќ и неговите зомби другарчиња, во Србија сеуште постојат усијани глави кои се ложат на: „нико не сме да вас бије“, „ми смо небески народ“, „западна граница Карловац – Вировитице“ и сл. И после сите историски порази, беда, изгубени животи, бомбардирања, бегалци и сл., најпопуларна партија во Србија е Радикалната странка. Анкетите покажуваат дека ако во овој момент би се одржале избори во Србија глатко би победиле радикалите на Тома Гробар. Проблемот е во тоа што ни се соседи, па последиците од победата на српските радикали, повеќе или помалку, ќе се чувствуваат и кај нас.
Со српскиот пример т.е. преку примерот со Милошевиќ се потврдува непишаното правило: оној кој нема да ги научи историските лекции, историјата, кога – тогаш, ќе го ѕвекне по главата.
Вчера во бурекџилницата на Јане се јави Зубо од АПЕМ и рече: „...не ми е жал за смртта на Милошевиќ. Единствено жалам што не умре уште во 1990 година“. Иако доаѓа од Зубо сепак супер звучи:))) Навистина зборовите на Зубо тераат на размислување. Како ќе се одвиваваа историските настани доколку навистина Слобо „рикнеше“ пред 16 години. Ако ништо друго барем Славко Чурувија, Иван Станболиќ и шурата на Драшковиќ ќе беа живи. А можеби и наш Кирчо немаше да доживее атентат.
Слобо „рикнал“ у Хаг. ПА ШТО?!?
5 коментари:
Баш сакав да побарам мислење за „животот и делото“ на Слобо.
ФАЛА ;)
Се чини дека во Србија ретко кој учи од историјата. Доказ за тоа може да биде поведението на СПЦ која - во името на Бога - упорно го негира македонскиот идентитет.
Изјавата на Албанскиот министер и претседател дека Албанија, во случај Косово да добие независност, не ги гарантира повеќе границите (со Косово и Македонија) не става на второ место за губење територии? Или кај нас такво нешто не се случува?
Најавувам дека постов ќе биде објавен во следниот број на НЕДЕЛНО ВРЕМЕ.
Cool blog, interesting information... Keep it UP surveillance wireless video camera Foothill didrex dsl Womens daily vitamin information Acuvue+coupon California lasik surgeon bosch video surveillance White girls getting banged by black men online community colleges that offer financial aid photos of orchids at everglades national park Porsche 928 msd
Објави коментар