Еден од највпечатливите археолошки локалитети во Авганистан е Ai Khanum, место каде што е убициран античкиот град Александрија на реката Окс (денешна Аму Дарја). На 4945km од Рим и 4070km од Атина, се уште се води полемика кој го изградил градот. Според едни тоа е Хефастион, блискиот пријател на Александар Македонски, а, пак според други, градот е основан нешто подоцна, во периодот меѓу 305 – 293 година кога на тие простори управувал Селеук I.Локалитетот е пронајден сосема случајно во 1961 година, кога
Освен антички храм, на локалитетот се пронајдени антички театар кој собирал околу 6.000 гледачи, потоа гимназион (еден од најголемите досега пронајдени), како и голем број на стамбени и деловни објекти. Од нив особено е впечатлив административниот комплекс на објекти од кои со својата монументалност се издвојува Палатата која најверојатно припаѓала на управникот на градот. Во објектите пронајдени се и голем број на мозаици со најразлични претстави, почнувајќи од македонското сонце, делфини, риби и сл.

Од сите овие пронајдени артефакти, со својата убавина плени плочката на која е претставена
Целиот овој пронајден археолошки материјал говори само едно: градот бил мошне важен трговски, стопански и културен центар. Неговото богатство пред се се должело на фактот што се наоѓал на извонредно важно стратегиско место на т.н. Пат на свилата, како и на фактот што градот ја контролирал трговијата со лапис лазурит, еден од најценетите полудраги камења во антиката од кои се добивала скапоцена боја.
Интересно е дека во времето на бактрискиот крал Евкратид I (170 – 145) градот најверојатно бил преименуван во негова чест и го добил името Евкратидија. Во 135 година пред Христа бил ограбен од номадски скитски племиња кога всушност и престанува да постои како градска населба.
Денес, локалните Узбеци, местото го нарекуваат Ai Khanum што на нивниот јазик значи „лице на месечината“, односно „Дама (госпоѓа) Месечина“, „Месечева Дама“. Називот потекнува од локалното верување дека погледнато од локалитетот, се гледа лице на жена на месечината. Којзнае, можеби во ѕвездените ноќи со полна месечина, навистина се гледа отсјајот од лицето на некоја дама од некое дамнешно времe.
Нема коментари:
Објави коментар