недела, јуни 01, 2008

Стонхенџ: Решение на мистеријата?

Мистеријата наречена Стонхенџ континуирано предизвикува интерес не само меѓу научната, туку и сред пошироката јавност. Разни теории се во оптек; од оние „најлудите“ дека го изградиле вонземјани, па се до оние дека на некого пред 5000 години му било досадно па решил, онака без некаква посебна причина, да си „игра“ со огромните камени блокови.

Според последните истражувања, Стонхенџ, во времето пред да се изградат големите камени блокови било гробница каде биле погребувани личности од тогашната „висока класа“. Англискиот археолог Паркер Пирсон, врз основа на редиокарбонските анализи на човечките скелети најдени во близината на локалитетот тврди дека првите погребувања треба да се датират во периодот од 3000 г. пр. Ис.Хр и истите траеле во континуитет се до 2500 година од иста ера пред Христа кога всушност се датира изградбата на импресивните камени градби. Тој врз основа на другите археолошки пронајдоци смета дека во близината на Стонхенџ се наоѓа најголемата населба во Северна Европа од тоа време.
Дали навистина мистеријата конечно е решена? Можеби засега; до следното откритие и поставувањето на новата теорија.

Во продолжение следува клипчето од National Geographic



1 коментар:

Анонимен рече...

Стонхенџ-гробница,во ред,но зошто камените блокови над гробницата биле градени-распоредувани како некој вид на опсерваторија и откаде толку голем интерес а богами и познавање за астрономијата пред 5-6000 г. п.н.е.
а во случајов над гробови?

И нашето Кокино тука се наметнува како еден голем ?
Кое допрва треба да се истражува.

За се` каде што неможе да се даде рационален одговор,``марсовците``ја разрешуваат мистеријата.

Кај си бе Кибиц бе,се испогинаме,ко препотопски духој се сториме,да неречам - марсофци...