среда, мај 14, 2008

Потекло на зборот Албанец

Ќе слушнете дека меѓу себе се викаат Shqiptar, а својата земја Shqipëria. Меѓутоа сите други ги викаат Албанци, а нивната земја Албанија.

Уште античкиот географ Птолемај (80 – 161) спомнува илирско племе кое го носело името Albanoi, а, пак, десетина векови подоцна, во Хрониката на Михајло Аталијат, која се датира во XI век, а се однесува на настани кои се случиле меѓу 1034 и 1079 година се спомнува етносот Arbanitai при што без сомнение се мисли на Албанците. Во латинските извори од XIV век Албанците се нарекуваат Албанези или Арбанези. Во османлиските документи Албанија е означена како Arnavutluk, од каде што потекнува етнонимот Арнаути.

Во врска со потеклото на зборот „албанија / албанец“ се уште се води полемика во науката. Според една теорија, зборот „албанија“ води потекло од името на илирското племе Albanoi, а според друга теорија потеклото се поврзува со имињата на античките градови Arbon и Albanopolis кои се наоѓале во денешна Албанија. Во овој контекст интересно е да се каже дека Полибиј (203 – 120) граѓаните на Арбон ги нарекува Arbanios, т.е. Arbanitai. Приврзаниците на третата теорија сметаат дека етимологијата на зборот „албанија / албанец“ води потекло од илирскиот збор *alb што значел планина. Според оваа теорија Албанија на илирски јазик значи планинска земја.

Полемика се води и во врска со потеклото на зборот *shqipëria. Долго време се прифаќало објаснувањето кое преовладувало во албанската народна традиција дека зборот shqipëria значи „земја на орлите“. Ова несомнено е поврзано со црниот двоглав орел кој се јавува како албански национален симбол за прв пат посведочен во времето Скендербег. Интересно е да се потенцира дека Албанците кои во средниот век се иселиле во Грција и оние кои во XV век заминале да живеат во Италија, не го употребувале името shqipëria.

Наспроти оваа етимологија, постои мислење дека зборот shqipëria е изведен од зборот shqipë што значи „племство, благородништво“. Оттука зборот shqipëria би се превел како „благороднички синови“.

Според третата теорија, етнонимот shqipëria води потекло од зборот shqipon – јасно говори, разбирливо зборува и значи „оние кои разбирливо говорат.

1 коментар:

Анонимен рече...

искусственный интеллект ( http://biochip.ru ).
http://www.ensp.fiocruz.br/portal-ensp/documentos-pessoais/download.php?id=13776&origem=doc