Дестинација: Хаваи, САД.
Цел: Напад на американската пацифичка флота и нејзино уништување.
Цел: Напад на американската пацифичка флота и нејзино уништување.
Посадите добиле најстрога забрана да не фрлаат ниту најмали отпадоци во морето како не би биле откриени од страна на американските извидувачи. Воедно забранета била и секаква радио врска со копното. Наредбата гласела дека мора да се потопи и секој американски, британски и холандски брод, трговски или воен, кој случајно ќе се сретне на патот. Со посебна наредба на вицеадмиралот Нагумо главната команда на бродовите, секој ден, морала да слуша Радио Хонолулу, како би биле во тек дали Американците нешто насетуваат или не.
На 2ри декември, адмиралот Јамамото испраќа радио порака: „Искачете се на брдото Ниикита“. Тоа всушност била лозинката која значела дека наредбата за напад може да дојде во секој момент. Сепак, ден потоа, на 3ти декември, следела нова радио порака во која датумот за напад на Перл Харбор бил презизиран на 7ми декември, ден недела.
На 7ми декември јапонската флота за напад се нашла на околу 500 км. од американската поморска база Перл Харбор на Хаваите. Немало враќање назад: Американската флота на пацификот мора да биде уништена и неутрализирана како би се овозможила целосна превласт на јапонската морнарица во тој дел од светот.
Во шест часот по хавајско време полетуваат првите јапонски авиони кон Перл Харбор. Целите и задачите на акцијата добро познати и повеќе пати повторувани на тактичките маневри. Најголемата предност на Јапонците требало да биде факторот изненадување. И навистина... Во пристаништето Перл Харбор стоеле всидрени бродовите на американската морнарица потполно несвесни што ги очекува.
Биланс:
- Потопени или тешко оштетени 18 американски бродови: сосема уништени бродот „0клахома“, „Аризона“ и стариот воен брод „Јута“како и разорнувачите „Кесин“ и „Доунес“
- Уништени се 188 авиони на американското воено воздухопловство и 159 оштетени
- Животот го загубиле 2.333 американски војници, а околу 1.139 се ранети
Епилог:
На 8ми декември 1941, еден ден после нападот на Перл Харбор, Конгресот на САД објавува војна на Јапонија. Со тоа САД конечно ја напуштаат политиката на изолационизам и влегуваат во Втората Светска Војна.
Нема коментари:
Објави коментар