Марков град е археолошки локалитет кој се наоѓа на платото под највисоката карпа, високо над Планинарскиот дом – Матка. Токму таму, високо горе, на малото плато под крстот, задскриени во карпите, се наоѓаат остатоците од малата средновековна црквичка Света Недела, датирана во XIII – XIV век.
Првиот или попристапниот пат започнува од манастирот Св.Богородица – Матка, па горе, по широката и блага планинарска патека води до месноста Петров Камен и локалитететот Света Тројца. Од таму патеката продолжува горе кон карпестото плато на Света Недела.
Вториот пристап е потежок за искачување и за истиот треба вист инска планинарска вештина и солидна кондиција. Оваа исклучително тесна патека започнува над Планинарскиот дом – Матка (Св.Андреја), па преку месноста Северно Седло излегува директно на Марков град – Света Недела.
И навистина, оној кој не ја посетил Матка и не се искачил на Марков град, не знае што пропушта.
Во продолжение следуваат фотографии направени минатиот викенд на Марков град - Св.Недела на Матка
1 коментар:
Ну что я могу сказать, в целом статья интересная, но нет самой изюминки. Не говорю, что я написал бы лучше, но тем не менее(
Објави коментар