Ви текнува на типот со чудно име Oetzi, човек за чие државјанство спорат Австрија и Италија, дечко роден пред 5000 години, по занимање ловец.
Токму пред два месеци, тим од швајцарски и италијански научници излезе со претпоставка дека Отси умрел од насилна смрт, најверојатно од убод на стрела во грбот. Класично убиство.
Меѓутоа...
Во понеделникот, тим составен од радиолози и патолози, врз основа на нивни форензичарски испитувања, излезе со тврдење дека убодот од стрела не е главната причина за смртта на несреќниот ловец. Стрелата била само причина Отси да се онесвести, а пак, смртта настапила како последица на силен удар во главата.
Притоа постојат две можни реконструкции на убиството. Според првата Отси е погоден со стрела по што ја губи свеста и паѓа на земја удирајќи со главата во камен, а, пак, според втората претпоставка откако жртвата паднала на земја, убиецот безмилосно ја удирал со тап предмет по главата нанесувајќи смртоносни повреди.
...
Анализирајќи ја облеката на несреќниот ловец, неговото оружје, остатоци од храна и сл., денес сме во можност да направиме реконструкција на животот на луѓето во Европа пред 5000 години.
линкови:
Associated Press: Ancient murder mystery takes new turn
Блог Историја: Otzi: Откриена е тајната?
Нема коментари:
Објави коментар