Златна маска стара 2400 години е пронајдена при археолошките ископувања на тракиска гробница која се наоѓа во близина на селото Тополчане, 290 км. источно од Софија, во округот на градот Сливен. Маската, откриена минатиот викенд, е најдена во гробница која му припаѓала на некој тракиски крал. Заедно со неа, бугарските археолози пронашле и добро зачуван златен прстен со грчки натпис и изгравиран портрет на маж со брада.Тимот од бугарски археолози предводен од Георги Китов објави дека во гробницата нашле и друг археолошки материјал.
Нема коментари:
Објави коментар