недела, јули 15, 2007

Света Гора - видео клип со фотографии

Едно од најкултните места во источно православната екумена е, секако, Света Гора – извориште на православната духовност. Тоа што е Ватикан за римокатолиците, Тибет за будистите – тоа е Света Гора за православните христијани.

Првиот сигурен изворен податок за постоењето на монашки анахоретски заедници на Света Гора се датира од 843 година и е во врска со присуството на нивни претставници на Црковниот собор во Цариград одржан истата година. Од овој период се датираат и подвизите на големите светогорски светци –Петар Атоски и Ефтимиј Солунски. Петар Атонски, црковната традиција го смета за прв пустиножител на Света Гора.

Од X век на Света Гора почнуваат да се градат манастири. Изградбата на првиот манастир на Света Гора се датира во 963 година. Тој е посветен на Св.Атанасиј Атоски, а е познат како Велика Лавра. Дваесетина години подоцна, во 980 година бил изграден грузискиот манастир Ивирион, а, пак, во 985 година манастирот Ватопед. Подоцна, низ годините на средновековието биле изградени голем број други манастири.




Во продолжение следи видео „клипче“ со фотографии од светогорските манастири.

линкови:

Света Гора: Предхристијанска традиција

Света Гора: сведоштвото за Богородица

Нема коментари: