недела, јуни 17, 2007

Ветер во дланките

Ветер во дланките


Фати го ветрот во дланките

и однеси ги сите сомнежи

замрсени во моиве коси.


Постели ги облаците пред мене

да не се повредам кога

ќе паднам на своите сни,

спрепнувајќи се од страста.


Мрежата од погледи ја лови

пеперугата на копнежот

во нејзиниот лет помеѓу

помисленото и изговореното.


Низ расцутените насмевки

и миризливите двосмислености

провејува трепетот.


Фати го ветрот во дланките.


(Вероника Костадинова, Полиглот на тишината, Кавадарци 2007, 10.)


Окси, уште еднаш, Благодарам.

линкови:
Поезија
Оксиморон


Нема коментари: