Ова е сказна за еден морепловец...
не многу млад...
не многу стар...
морепловец кој минал низ една или две бури....
морепловец кој не се плаши од ветриштата...
ниту од разбрануваното море...
и сказна за една птица...
голема...
бела птица...
птица со цврсти крила...
слободна како ветрот...
и душа чиниш - море...
Ова е сказна за еден морепловец кој сонува...
за еден морнар кој посакува...
за еден кормилар кој упорно го бара патот...
Ова е сказна за еден морепловец, морнар и сонувач.
за еден кормилар кој упорно го бара патот...
Ова е сказна за еден морепловец, морнар и сонувач.
Ова е сказна за една птица со очи длабоки како океанот...
за една птица со поглед кој маѓепсува...
за една птица која не те остава рамнодушен.
И тогаш, за момент, Божицата на морето почна да ги реди коцките од мозаикот. Птицата слета на бродот на морепловецот, а времето за момент запре и морето се смири.
И бурите... и ветриштата... и чудните морски струи... сите тие за момент исчезнаа. Некој чуден мир се вгнезди во душата на морепловецот.
Арно ама сонцето почна да заоѓа и птицата мораше да замине. Ги рашири своите бели крила, му се насмевна на морепловецот и со зајдисонцето одлета таму негде јужно.
А морепловецот... Ех, морепловецот продолжи да го бара патот низ разбрануваното море. Често пати го шибаат северните ветрови, им пркоси на морските струи и се бори со морските ѕверови. И сонува... Сонува мирен залив... И неа... Птицата...
Нема коментари:
Објави коментар