понеделник, јуни 04, 2007

Џанго увек пуца први

Неговото име е Џанго. Не, не е поранешен министер за внатрешни работи туку пиштолџија на Дивиот Запад. Млад, згоден, опасен. Ама ладниот пиштолџија ќе падне на убавината на Марија. Неговото срце ќе биде освоено од убавата дама, која станува негова слаба точка. Ама лошите момци ќе ја убијат неговата сакана, а нему ќе му ги скршат двете раце. И гадно ќе се заебат. Џанго ќе се скрие на гробиштата, позади еден крст, и ќе им ја ибе мамата на Џексонови. Иако со две скршени раце, сепак, Џанго наоѓа сила и им пуца право у срце. Стануе од позади крстот и заминуе. Со мислите кон својата сакана.


наравоучение:
Џанго увек пуца први!!!!




Режија: Sergio Corbucci
Улоги: Franco Nero, Jose Badalo, Loredana Nusciak
Премиера: 6-ти април 1966 год.


Нема коментари: