среда, април 25, 2007

На скопското Кале пронајдени три фрагменти од фрески

Мината седмица при археолошките ископувања на локалитетот на скопското Кале најдени се три*, мали по димензии, фрагментарни остатоци од ѕидни фрески. Артефактите се најдени заедно со друг археолошки материјал кој различно се датира. Сепак, според археолозите кои работат на локалитетот, со голема веројатност, може да се претпостави дека станува збор за делови од фрески датирани во 13 или 14 век.


Фрагментите се најдени во непосредна близина на претпоставената локација каде во

османлискиот период се наоѓала џамија. Ако знаеме дека во Македонија, неретко, имало практика џамииите да се градат на темели на христијански храмови, можеби пронајдените фрагменти од фрески и близината на „претпоставената“ џамија упатуваат на заклучокот дека тука треба да се бараат темели на постар црковен објект. Сепак, на археолозите останува, да ја докажат оваа претпоставка.


*** „Моја предпоставка е дека османлиите кога ја рушеле црквата т.е. кога ја претварале во џамија ги копале фреските и ги фрлале на место каде собирале шут ... Е тоа место е местото каде сега се најдени трите фрагменти од фреската ...“ – вели Волан и претпоставува дека веројатно ќе се најдат уште фрагменти доколку се прошири сондата.

Фрагментите се најдени во близина на еден зид кој е доста со лабилна градба и не верувам дека е од црквата ... која пак е веројатно тука во близина ... На местото блиску може да се убицира џамија према некои постари фотки кои ги поседувам ... а пак веројатноста џамијата да е направена над црквата е огромна ... Знаејки како османлиите светите места ги претвараат во џамии ... Света Софија на пример и многу други примери ...– заклучува Волан во својот коментар.

На крајот изнесува мошне интересна претпоставка која воопшто не треба да се отфрли, а тоа е дека нема да изненади доколку на Калето се најдат моштите на царот Душан, крунисан во Св.Богородица Троручица, црква која се наоѓала токму на тој простор.

Според средновековните извори од 13 и 14 век, на скопското Кале се наоѓале најмалку три црковни храмови. Тоа биле Св.Бодородица Троручица каде што бил крунисан царот Душан, потоа храмот посветен на Св.Прокопиј заштитникот од земјотреси и манастирскиот храм Св.Јован Крстител.

фотографиите се на Волан

* во првата верзија на текстот стоеше податокот дека се најдени два фрагменти од фрески. Сепак нивниот точен број е три.

2 коментари:

Анонимен рече...

Друзья заходите к нам на сайт, здесь есть все новые шаблоны для dle, модули платные и бесплатные, хаки, новейшие релизы для datalife engine мы собираем все для вас со всего интерната [url=http://dlemodern.ru/]модули для dle[/url]

Анонимен рече...

Салон Секреты Красоты предлагает большой выбор классических салонных услуг: парикмахерские услуги, маникюр, педикюр, косметология, перманентный макияж. Мы работаем более 10 лет и придерживаемся принципа соотношения цены и качества обслуживания. Для постоянных клиентов действуют акции и бонусная система. Заходите на наш сайт [url=http://s-krasoti.ru/] тса пилинг 25
[/url]