Мојот извор потврдува дека минатиот петок (20.04) на скопското Кале биле и високи претставници од МПЦ предводени лично од г.г. Стефан кои имале прилика да видат дел од наодите.
Според средновековните извори, но и оние од подоцнежниот период, на скопското Кале се наоѓале три цркви:
- Св.Богородица Троручица каде што бил крунисан царот Душан и објавен душановиот законик;
- Св.Прокопиј - заштитникот од замјотреси; и
- Св.Јован Крстител - активна црква се до 17 век која важела за соборен храм во градот.
Досега ниту една од триве цркви не беше точно убицирана на теренот. Истите најверојатно датираат од крајот на 13 и почетокот на 14 век.
За точно да се каже за која од триве црковни храма станува збор ќе треба да се најде натпис. Според мене ова е најголемиот наод во последниве години. можеби еднаков на златните маски најдени при ископувањата на Голема Порта во Охрид.
линкови:
Нема коментари:
Објави коментар