Уште пред да одам не очекував нешто којзнае што. Можеби затоа генерално и не се разочарав од овогодинешниот Саем на книгата. Да се разбереме: ова ни оддалеку не е манифестација каква што треба да биде според некои европски стандарди. Па дури ни според балканскиве критериуми. Саемите во Белград, Загреб и Софија ни оддалеку не можат да се споредуваат со нашиов. Нашиов е само еден убав обид жабата да ја крене ногата откако го видела коњот како го потковуваат.
Фалат многу работи, почнувајќи од рекламен материјал, до каталози, промотивни рецензии и уште многу други нешта својствени за големите европски саеми на книги, каков што заслужува еден главен град. Ама ако подобро размислам ние сме далеку од Европа. И тоа прилично далеку. Европскиот воз уште не тргнал од нашиот перон, а и откако ќе тргне дискутабилна е брзината со која ќе се движиме кон Брисел. Оттука, земајќи ги предвид сите околности својствени за издавачката фела во Македонијава, мислам дека овој Саем на книгата може дури и да добие пролазна оценка во дневникот на Блогот Историја. Тука особено мислам на „Култура“ која „смогна“ сили и ги намали цените на дел од своите изданија со постар датум на фантастична сума од 60 денари па нагоре. А книгата никогаш не може да „остари“. Или е добра или не е.
А јас што си купив? Три книги од многуте кои ми паднаа во очи. Македонскиот превод на „Исповедите“ на Св.Августин во превод на Елена Весова - Колоска во издание на Макавеј, потоа магистерската теза на Славица Бабамова насловена како „Епиграфските споменици од Република Македонија датирани според македонската провинциска ера“ во издание на Институтот за национална историја, како и книгата на Оливие Клеман која ја имам прочитано пред неколку години и која ми остави силен впечаток, а е насловена како „Разговори со Екуменскиот патријарх Вартоломеј Први“. Последната ќе ја најдете за цена од само 60 денари. Па вие решете дали ќе пиете кафе во Рамстор кое ќе ве кошта поскапо.
среда, април 18, 2007
Претплати се на:
Коментари на објава (Atom)
3 коментари:
Кибицер, нема да имаме подобар саем на книгата од „Саемите во Белград, Загреб и Софија ..“ бидејќи овие локации и (не)култури ни се репер за успех. Ние не сме ментално ориентирани кон развиениот свет, туку кон смрдениот Балкан. Еве Каролина ќе пее на Евросонг дека нејзиниот свет бил со 8 ноти и една душа балканска. И душава балканска треба да ја платиме ние Македонците (мнозинството во Р.М.), за ФИРОМ-чаните (политичари, бизнис елитите, естраден шлајм итн.) да се пуваат пред камерите и по весниците.
Ако сакаме во иднина подобро да живееме и да имаме подобар Саем на книгата во Скопје, треба да се насочиме кон развиониот свет и тој свет да ни биде пример.
I jas bev na saemot, no ne se razocarav. Ednostavno neli, tolkava ni e cergata. A za najidiotska pojava na saemot go proglasuvam "tainstveniot" premin pomegju tretata i cetvrtata hala.Pozdrav od Samanot.
Шаман,
Пријателе,
поздрав.
Објави коментар