петок, април 20, 2007

Пилицеровата награда за 2007, потребата за правење на пари од се и сешто, и Дерек


Обично ретко одам на порталот на ОнНет. Еднаш во две – три недели. И ете за беља после вчерашниот убаво поминат ден, сабајлево ѓаолот ме тера да ѕирнам кај оннетчии. Читам наслов: Животот е педер. Се буди латентното во мене и ме тера да кликнам на линкот. Ни самиот не знам што очекував дека може да се крие позади насловот. Гледам уредникот линкнал фото – приказна која е добитник на овогодинешнава Пулицерова награда. Меѓу другото напишал дека се работи за потресна приказна на една самохрана мајка и нејзиниот син, болен од карцином.

Кликам на диретниот линк и почнувам да истражувам по сајтот. Извесна Renee C.Byar, фоторепортер во весникот Sacramento Bee, направила фото приказна за 10 – годишниот Дерек кој боледува од карцином. Ги гледам фотографиите и се враќам во 97-мата. И јас бев директен сведок на слична, малтене иста, семејна драма која траеше пола година и која жално се заврши. Црвенкапче имаше само 3 години и беше најмилото детенце кое некогаш сум го видел. Понекогаш, животот, навистина, знае да биде ѓубре.

Ама како повеќе ги прелистувам наградените фотографии, така, се повеќе, почнувам да кибицирам и размислувам. Некако, мотивите на мајката, целата оваа приказна да ја изнесе во јавност, ми се нејасни. Што може да го натера еден родител да ги „продаде“ последните месеци од животот на своето дете (па макар парите отишле во добротворни цели); да ја стави на увид својата најдлабока интима на очиглед на сите. Не верувам дека вакво нешто може да се случи кај нас, на дивиот Балкан. Сепак, тука важат некои норми, некое чувство до каде оди црвената линија на потрошувачкото општество.


Внимателно ги разгледувам фотографиите. По петти – шестти пат. Гледам мајката убаво се налицкала. Сегде е со убава и средена коса. Приметете ги само ноктите. Типката очигледно била на маникир пред фото – сесијата.

Никогаш не сум судел, нема ниту сега. Само кибицирам од страна. Кадрите очигледно се наместени по добро разработено сценарио. Јасно е дека професионалец ги работел. Ебан Холивид.

Ама, сепак, нешто друго ме мачи. Која е таа филозофија да ја дадеш својата најголема интимата на „увид“ на сите?

Дали потрошувачкото општество си го земало својот данок? „Продади се што толпата сака да купи.“ Колку приказната е поинтимна и полична, толку, цената е поголема. Толпата гледа занемена во солзи, спонзорите лицитираат, а уредникот ги трие рацете. До следната епизода. А отуѓеноста на луѓето во тоа „американско“ општество ги генерира сите овие манифестации.. Токму затоа продукциите од типот на Биг Брадер се најгледаните во светот. Ама таков е шоу бизнисот. Американски начин на живот; американски норми. Тоа, некако, го разбирам. Упорно не можам да ги разберам мотивите на оние човечиња кои излегуваа по разни реалити шоуа.

Моето проклетство е да приметувам детали. Да крадам скриени, периферни моменти кои, впрочем, најмногу и откриваат за личноста, настанот и процесот. А тоа што го видов, ама ич, не ми се допаѓа. Средени фризури и налицкани лица, внимателно одбрани кадри и начин да се профитира на туѓата несреќа. Единствено, вистински ме погодуваат емоциите на лицето на детето. Само Дерек, од сите тие ликови не знае да лаже. Само него не му е гајле дали е убаво облечен и колкав е процентот од продадените реклами. Дали него некој го прашал дали сака да го фотографираат додека му прават биопсија и радиотерапија? Или мајка му е таа која решила за него. Одговорот на ова прашање никогаш нема да го дознаам, а од него во многу зависи вистинската перцепција за сето ова.

И повторно ќе кажам: Не ми е намерата да судам. Верувам дека само мајката знае како е да изгубиш дете. Да не си и во кожа. Ама таа 97-ма ако на родителите на Црвенкапче некој фоторепортер им речеше да направи фото – сторија за последните денови од животот на нивното ангелче, верувам дека фотоапаратот ќе го добиеше или по глава или таму каде што сонце не го фаќа. Не дека тие се подобри родители од мајката на Дерек. Напротив. Болката која ја чувствувале и чувствуваат е иста. Потполно иста. Ама сепак... Некои работи откако ќе ги искибицирам не можам да ги премолчам.


линкови:

The Pulitzer Prize: Фото - приказната за Дерек

ОнНет - Портал: Животот е педер

3 коментари:

ribaro рече...

лошо друже, баш пред да го видам постов ги гледав фотографиите.
се согласувам во целост со твојата перцепција за американскиот начин.
абе се нема граница, ама мене ме плаши што натака одиме и ние.

Анонимен рече...

„Омилени“ се ваквите репортажи на запад-Америка,тоа е начинот(фабрикован) на кој се навикнати да ги гледаат ваквите случки - и тоа не е случајно.
Потоа со прецизна доза се прикажуваат вакви или слични стории, од третиот свет(каде што спајѓаме и ние)каде за несреќните деца недостасува основна лекарска грижа и лекарства(кои ги изедоа и унофчија-се знае кои!?)а мајката стечаец се чуди како да го нахрани другото дете(pedikir?)...
Сејте мирни животот е `убаф`
-гледате таму како е???

Драган Зајковски рече...

Поздрав пријатели. мило ми е што делиме исти мислења. Навистина секојдневно сме бомбардирани од „западните“ вредности кои баш и не се којзнае какви вредности :))))))

Само трчај да стигнеш прв. Да газиш по мртви само за да имаш пари и кариера. А тие околу тебе кој ги ебе.