понеделник, април 16, 2007

Еден ист човек: Две различни перцепции




„Човек со среден раст. Косата му лежеше право како да е исчешлана. Брадата му беше кадрава и внимателно негувана. Очите му беа сјајни и огнени... Образите му се убави, носот совршено прав... Вратот му е дебел... Од главата до петите е складно граден и благодарение на тоа, тој е силен и добар тркач.“

Амијан


„Иако природата не ми дала убаво лице, ниту му дала маладачка свежина, јас, од чистa своеглавост, му ја додадов оваа долга брада... Се борам со вошките кои скокаат по неа како да е некаква шума за диви ѕверови... Главата ми е неисчешлана, ретко ги потсекувам косата и ноктите, а прстите речиси секогаш ми се црни од мастилото.“
Јулијан


Ова се две историски сведоштва за еден ист лик - Флавиј Клаудиј Јулијан (361 - 363). Првиот опис го дава Амијан кој е современик на императорот, а пак, вториот опис е всушност автоперцепција; Јулијан се опишува самиот себеси.

„Историски“ пример за тоа како ние самите, но во исто време како другите не доживуваат и „гледаат“.



И после некој нека негира дека Историјата не е мајка на сите знаења.

линкови:

Википедија: Јулијан Апостата


2 коментари:

Анонимен рече...

Што тоа овде не подучува Историјата?-Дека од памтивек постоеле лигави гребатори.
И дека денешниве наши се со долго и негувано педигре...

Драган Зајковски рече...

Забелешката ти е на место. Мора да се види и мотивот на амијан поради што напишал така како напишал.