Изграден во времето на императорот Јустинијан I (527 - 565), манастирот Св.Катерина на Синајскиот Полуостров е еден од најстарите се уште активни манастири. Се верува дека манастирот е подигнат на местото каде што Мојсеј ја видел „несогорливата капина“. Манастирот располага со исклучиво важна колекција на стари ракописи и икони.
Денес, манастирскиот комплекс заедно со уште неколку други црковни храмови долж Синајскиот Полуостров е под јуриздикција на Синајската Православна Црква која според својот статус има автономија во рамките на Ерусалимската Патријаршија. Игуменот на манастирот Св. Катерина воедно е и Архиепископ на Синајската Православна Црква.
Во продолжение следува „клипче“ кое го „начекав“ на youtube, од безмалку 10-тина минути, на англиски јазик, кое се однесува на манастирот Св. Катерина - Синај. Прилогот е снимен за време на празникот Воскресение Христово - Велигден.
Јас уживав кога го гледав. Претпоставувам дека задоволството ќе биде обострано. Сепак, не ни требаат визи и којзнае колку пари за да патуваме :)))))))
Претплати се на:
Коментари на објава (Atom)
4 коментари:
Христос воскресе!
burning bush
e
несогорливата капина
на македонски и на другите македонски (словенски, де) јазици :)
Фала за филмчето.
александар,
Фала за сугестијата.
Објави коментар