вторник, март 27, 2007

Интернет Тантра - Мантра: Секи одлепи

Го проверуем меилот. Гледам Секи ми пратил порука со атач. „Што му текнало“ - си мислам. Пред саат време се слушнавме на телефон. Многу ми е сумљив. Откако стана сноубол мајстор кармата му се промени.

После си мислам да не е некој вирус - тројанец, спартанец или нешто слично. Од оние кои сами се препраќаат по пошта. Ама ми текиња дека мејлот е на google, а тие имаат некои нивни заштити од вирус.


Иако насловот ми е сомнителен, сепак, решавам да го симнам атачот. И што да видам.
СЕКИ ОДЛЕПИЛ. Ми пратил интернет „тантра - мантра“. Вели нему му помогнала. Веројатно тоа е некоја тајна гноза во која бил воведен на некоја секташка сеанса. Имено, Секи е прилично наложен на Индија. Онаа неговата, Вики, му го залуде паметот. Што фино момче си беше. Фудбал, Кока - Кола и Св. Августин. Сега, пак, се ложи на некој раџа од Индија кој бил 20 години у нирвана. Ниту јадел, ниту пиел. Ќе се спојуел со Буда.

Пред некој ден ги сретнуем у Лептокарија. Се фатиле за рачиња. Се фалат дека ќе иделе да го бараат средниот пат на индиската страна од Хималаите. Ќе биле вегетаријанци и ќе комуницирале со вишите сфери. Ете шо може да ти напраи женска. Да те одвикне да јадеш месо.


Да се
вратам на атачот. Во него ништо ново. Како оние писма кои ги препишувавме на голем одмор во основно. Само што сега технологијата си го сторила своето. Наместо по пошта, денес, се препраќаат по меил. Текст со интересни совети и обавезно санкција на крајот. Демек мораш да го пратиш до толку и толку луѓе ако сакаш да ти се случат убави работи. Во спротивно чорба.

Туку нешто друго ме мачи.
На крајот од тантрата стои „клаузула“ дека треба да се испрати на човек за кој мислиме дека му треба среќа. Токму ова ме тера на размислување. Зарем Секи мисли дека сум толку несреќен штом ми праќа една ваква тантра - мантра. Му благодарам за добрата намера. Сепак, јас останувам заглавен со Папијас од Хиераполис, Тертулијан од Сиракуза и Хиполит од Смирна. Ќе продужам да уживам во урбанава џунгла, скарата на кило, енглеското првенство и синглиците у кладионица. Од Индија ги сакам само Таџ Махал и Индира Ганди, а и тоа е дискутабилно.


***
Оваа тантра ви е пратена за среќа.

Го заобиколила целиот свет десет пати.

Ќе имате среќа во текот на следните четири дена по добивањето на оваа тантра.

Испратете ја на луѓето на кои им треба среќа во животот. Не праќајте пари, зашто надежта нема цена. Не чувајте ја оваа порака. Ако тантрава ги напушти вашите раце во рок од 96 саати, ќе добиете врвно изненадување. Ова работи дури и ако не верувате и не сте суеверни. Пратете ја на 5 личности и животот ќе ви се подобри. 0-4 личности: Животот полека ќе ви се подобри. 5-9 личности: Вашиот живот ќе се насочи во онаа насока во која сакате. 9-14 личности: Ќе имате најмалку 5 изненадувања во следните 3 седмици. 15 и повеќе личности: Вашиот живот драстично ќе се промени!!

3 коментари:

Анонимен рече...

истиот јас :)

Анонимен рече...

The HulaHoop ...

ај ај ај ...

овие форвард поракиве ... на ЕТФ ги викавме ... леее чоече уше една форвард серка ...

хахах ...

а добри ти се пријателите со Индија ... доар е муабетов ...

.. дај и ја да се татнтрам ... шо треа да се напраи ...
;)

Анонимен рече...

Ничего не делать – ох, как тяжело! Нет ничего более невыносимого, чем безделье. Не откладывайте на завтра то, что можно сделать сегодня. неусыпный труд препятствия преодолевает. Наспех сделанная работа оборачивается на смех курам полученными результатами. Каждое дело требует завершения, а любое безделье не должно быть начато. Труд - дело чести; будь в труде на первом месте. Кто честным кормится трудом, - Таких зову я знатью!

[URL=http://mynmy.ru/wordpress-240.html]Работа сегодня вакансии[/URL] [URL=http://vakansiy-rus.ru/wordpress-341.html]Работа в маскве[/URL] [URL=http://vakansii-russ.ru/wordpress-198.html]Работа север вахта[/URL] [URL=http://vakansiy-rf.ru/wordpress-368.html]Предложение вакансий[/URL] [URL=http://vakans-ru.ru/wordpress-85.html]Вакансии вахтовым методом в москве[/URL] [URL=http://vakansiy-ru.ru/wordpress-537.html]Работа для иногородних в москве[/URL] [URL=http://vakansii-ru.ru/wordpress-494.html]работа для девушек в москве[/URL] [URL=http://vakansiy-russ.ru/wordpress-425.html]Работа сварщиком в москве[/URL] [URL=http://vakansii-rus.ru/wordpress-578.htm]Работа супервайзер[/URL] [URL=http://vakansii-rf.ru/wordpress-111.html]Работа в королеве мытищах[/URL]