недела, март 04, 2007

Извадок од едно „признание“

По српската окупација на Вардарска Македонија, во годините по Првата светска војна, извесен Александар Андријевиќ шест месеци работи како претседател на Првостепениот суд во Струмица. За време на својата работа во Струмица, Андријевиќ, како претседател на судот имал прилика да разговара со прилично голем број Струмичани. Во овој контекст пренесувам еден од тие разговори водени меѓу Андријевиќ и една од странките во судот, локален жител на Струмица.

„Ви сте дабоме Србин?“ – питам једног парничара у суду.

„Е так‘ сад. Кад беху тука Бугари (1912 – 1918, м.з.) аз бех Бугарин. Станаше Срби, аз сам Србин, ама – крстијанин сам“.

„Ви хоћете да сте ближи Грцима“.

„Е не, џанум, Грк је нешчо друго, аз сам Македонац“ – похитао је да ми одврати.
И када тако каже да је Македонац, а то ћете и понајпре и понајчешче ћути, Струмичанин сматра да је тиме угодио и себи и вама; и није вас удалио од себе и остао је код своје куће, свестан да га реч „Македонац“ неће етнички одвести ни у Србе ни у Бугаре.“


(Александар Андријевић, Струмица, Ниш 1923, 36.)

текстови кои обработуваат слична тематика:
Волан: Уривање на македонскиот национален идентитет

2 коментари:

Анонимен рече...

Tvojov primer e 20 vek, vo 19 za zal ne se narekuvale sebesi Makedonci....od mnogu tekstovi od 19 vek sto sum gi citala za zal Bugari se vikale:( Aj ce pobaram pa moze i ce postiram nesto samo radi "gospodava " prijateli od istok izbegnuvam da gi postiram

Драган Зајковски рече...

Katika,
Се разбираме. Во 19 век населението во Македонија се идентификува со Црквата (верската припадност) и локалната заедница каде живее. Говорам за обичниот човек, селанец, кој во услови на натурално стопанство и непостоење на национални институции се идентификува со Црквата и заедницата каде живее. Ова многу убаво го опишуваат Данкан Пери, Политика на теророт и А. Каракасиду, Полиња жито, ридишта крв.

Кај интелектуалците од тоа време чувството е повеќе од јасно. Тука не спориме. Но треба да се видат и условите кои довеле да се пишуваат Бугари.

Градењето на националниот идентитет е долг и сложен процес. Историските услови секогаш го диктираат правецот.

во секој случај наполно се согласувам со твојата констатација.

поздрав.