сабота, март 03, 2007

Зошто пилето ја премина улицата

Што се случува кога некој ќе стави наочари: Зошто пилето ја премина улицата?

Учителката во Основно училиште: За да стигне на другата страна на улицата

Наставникот по ОТО: За да биде учесник во сообраќајот.

Платон: За општо добро.

Аристотел:
Природно е пилињата да ја преминуваат улицата.

Карл Маркс:
Тоа е историска неминовност и заговор на крупниот капитал против селските фармери.

Слободан Милошевиќ:
На тој со ништо предизвикан акт на агресија мора да одговориме со сите сили и средства.

Капетан Џејмс Кирк (Звездени патеки):
За храбро да отиде таму каде што досега ниедно пиле нема појдено.

Макијавели:
Поентата е во тоа што пилето ја премина улицата. Не е важно зошто. Самиот факт што пилето ја преминало улицата го оправдува мотивот, каков тој и да бил.

Фројд: Фактот што воопшто се прашувате зошто пилето ја премина улицата укажува на вашата внатрешна несигурност и проблеми во аналната фаза од вашиот развој.

Дарвин:
После подолг временски период, природната селекција мораше да делува на пилињата, и така тие генетски да се прилагодуваат да ја преминуваат улицата.

Ајнштајн:
Дали пилето ја премина улицата или улицата се помрдна под нозете на пилето, зависи од системот од кој го посматрате тој настан.

Буда:
Со поставувањето на тоа прашање, ја негиравте самата природа на пилето.

Ернест Хемингвеј:
За да би умрело на дожд.

Бил Клинтон:
Се извинувам во мое име и во името на нацијата за овој немил настан и ветувам дека никогаш нема да се повтори.

Мартин Лутер Кинг:
Го гледам светот како место каде што сите пилиња ке можат слободно да ја преминуваат улицата без да имаат потреба да ги објаснуваат своите мотиви.

Тито Петковски: Прашање е оваа влада до кога ќе толерира пилињата да ја преминуваат улицата.

Васил Тупурковски:
Пилето тргна за да и тргне и на Македонија.

Никола Г'уевски:
Самиот факт што пилето ја п'емина улицата е доказ за 'ефо'мите во Македонија.

Стојан Андов:
Кога тревата ќе зазелени, и пролетното цвеќе опојно ќе замириса пилињата излегуваат и ја преминуваат улицата.

Бранко Црвенковски: Пилето ја зеде судбината во свои раце и реши да ја премине улицата.

Али Ахмети:
Нема диаљог, па пиљето се бори за свој пиљечи права

Латас:
Јас сеа се прашувам, дали за 5 год. ќе имаме ние каде да ја преминеме улицата.

4 коментари:

Photo Volan рече...

Се ке биде во ред ... ако редовно јадеш (ј**еш) “пилешка супа“ ... од Подравка ... так нормално ... :)

trilobite рече...

:)

Анонимен рече...

А зошто пилето ми пее?

Анонимен рече...

Мачорот: А каде е пилето?