Во 1889 г. Клара Цеткин учествува на основачкото собрание на Втората Социјалистичка Интернационала, а веднаш потоа се враќа во Германија.
Во периодот од 1892 г. до 1917 г. живее и работи во Штудгарт каде го издава весникот Еднаквост. Таа е една од основачите на Меѓународниот социјалистички женски конгрес чие основање се датира во 1907 година. Три години подоцна, во 1910 г. на Конгресот на Меѓународната конференција на жената одржан во Копенхаген, на предлог на Клара Цеткин, донесена е одлука за прогласување на Меѓународен ден на жената, без притоа да се прецизира неговиот датум. Симболиката на овој празник требало да биде актуелизирање на барањата за подобрување на условите за работа на жените и квалитативно подобрување на нивниот социјално – политички статус во општеството.
Веќе наредната 1911 г. празникот на жената е одбележан на 19-ти март, а дури по револуцијата во Русија и победата на болшевиците, како Ден на жената е прогласен 8-ми март, датум на кој во 1917 година жените во Москва одржале големи антивоени демонстрации.
Што се однесува до понатамошната улога на Клара Цеткин во комунистичкото движење во Германија, нејзината активност била насочена во правец на подобрување на статусот на жените. По започнувањето на Првата светска војна, Клара Цеткин активно учествува во антивоеното движење. Таа во 1915 г. во Берн учествува во организирањето на Меѓународната женска конференција против Првата светска војна, а во 1916 г. е еден од основачите на Спарташката лига. На конгресот одржан од 30-ти декември 1918 до 1-ви јануари 1919 г. било решено Спарташката лига да прерасне во Комунистичка партија на Германија. Истата 1919 г. Клара Цеткин била избрана за член на ЦК на КП на Германија.
Во 1921 г. Клара Цеткин е избрана за член на Президиумот на Третата Интернационала. Тоа е една од причините да се пресели во Москва каде важела за близок соработник на Ленин. Меѓутоа, по неговата смрт во 1924 г. и доаѓањето на Сталин на чело на СССР, влијанието на Клара Цеткин во Интернационалата и воопшто во женското работничко движење, постепено почнало да опаѓа.
3 коментари:
Жените бараат место под Сонцето
** .. Индија, земјата во која многу жени се третираат како вазали на мажите и во која според традицијата, од сопругата се бара да се жртвува на огинот на кој е запалено телото на нејзиниот починат сопруг..
** Најголемиот број од 60 отсто од мажените жени, на возраст помеѓу 15 и 49 години, се жртви на тепање, силување или на принуден секс со своите сопрузи
Што да одговорам на ова...
Исто и во Авганистан, поготово за време на режимот на Талибан.
E bas super sto si pisal za ova....vo Makedonija 8 mart se slavi kako den na majkata, non sense, i sto e najstrasno 90% od ludjevo ne znaat li pogresno se informirani li, ama veruvaat deka treba dete i familija da imas za da go cestitaat....pa toa plukanjeto po tetkite koi cekaat pokraj Nova godina, Bozik i Veligden i 8mart da go iskoristat za nova frizura....nikoj ne gleda kolku e toa nebitno i kolku e bled ostatok od eden sistem koj e zad nas....a pravoto na glas,ednakvost vo rabotenjeto i tretiranjeto kako covecko sustestvo...ma toa mnogu e za nasive...ednas vece napisav kaj Dr. Max...vo Hrvatska zenite protestiraa a kaj nas oro igraa:( Pa vidi ti stepen na informiranost i svesnost:( Vo sekoj slucaj pozdrav za postov koj definitivno trebase da bide napisan od blogerka, pa i od mene ako podobro razmislam, ama aj, ja ce se zalagam za Fathers day vo Makedonija:)
Објави коментар