Ќе се навратам на 1997-та година, но не со мои сеќавања на настаните што се случија тогаш, туку со едно писмо кое толку силно кажува во што верувавме тогаш додека стоевме зад сите тие знамиња и транспаренти.
„Драги родители,
Уште еднаш под петициве ги чувствувам ребрата на Росинанта, повторно заминувам со штитот в раце.
Пред речиси десеттина години Ви напишав едно друго проштално писмо. Ако добро се сеќавам, се жалев дека не бев најдобар доктор; што се однесува до работата доктор, тоа веќе не ме интересира; но како војник не сум така лош. Во основа не е ништо сменето, освен што денеска сум посвесен, дека мојот марксизам се разбудил и станал многу појасен. Верувам во вооружената борба како единствено решение за народите, за свое ослободување и мирен сум за своите убедувања. Многумина ќе ме наречат авантурист, а јас тоа и сум, но од посебен сој: јас спаѓам меѓу оние кои ја ставаат својата кожа на коцка за да ја бранат својата вистина. Можеби ова ќе биде последен пат. Јас тоа не го сакам, но тоа одговара на логичната пресметка на веројатноста. Ако биде така, Ве љубам за последен пат.
Многу Ве сакав, само што незнаев да ја искажам својата нежност; крајно сум тврд во своите постапки и мислам дека понекогаш не ме разбиравте. Не беше лесно да ме сватите; но денес Ве молам само да ми верувате.
Сега волјата, која со уметничко задоволство ја калев, ќе ги подржи моите нозе кои се тресат и градите кои се уморни. Ќе го сторам она што имам намера да го сторам. Сетете се, одвреме-навреме на мене, малиот кондотијер на дваесетиот век. Бакнеж на Селија, Роберт, на Хуан Мартин и Пототин, Беатриче, на сите. Ве љуби Вашиот заблуден и тврдоглав син,
ЕРНЕСТО.“
Ова е прошталното писмо на Ернесто Че Гевара испратено до родителите, пред да замине за Боливија, каде маченички умира во 1967 година. Имал само 39 години. Тоа е човекот кој загинал за своите идеали. Ние, пак, имавме по 21/22 и единствено идеалите не водеа. Не не интересираше ништо, освен, можеби, насмевката на Рената или ефтиниот парфем на онаа Кавадарчанката на кибицер; и секако оние мали работи во кои верувавме тогаш и денес.
Некој ќе рече дека само будалите гинат за идеали. Ама ние му се восхитувавме на Че. Се уште морници ме лазат пред сликата на човекот кој во последното писмо на својот соборец Фидел Кастро ќе напише: „... На своите деца и жената не им оставам никаков имот и не ми е жал, дури и ми е драго што не барам ништо за нив, бидејќи државата ќе им даде колку што е потребно за нивниот живот и за школувањето...“.
Каде се нашите „Че Геваровци„? Тие, сепак, заборавија на своите деца!!!
HASTA LA VICTORIA SIEMPRE
(CHE GUEVARA)
директен учесник во настаните ‘97-ма
4 коментари:
Секи ... легенда ...
Добро е сте останале живи и здрави и троа постари ...
Веројатно највеќе сега жалите за кавадарчанката ... :)
А идеалите и така се за будалите ... :)
Нема повеќе идеали, нема доблести, нема храбри луѓе...уште помалку такви студенти. Стоички преќутуваме се со што ќе сме удрени, проголтуваме и молчиме. Толку! Изгледа сонуваме за подобри денови и во нив се крстиме. Само како ли ќе дојдат тие денови ако не се потрудиме и не направиме ништо за овие сега!
Има уште дана за мегдана. Уште не сме се предале целосно. Јас денес започнувам нова битка и тоа преку судските лавиринти. Ке му бапнам против тужба на будалата градоначалник за нарушен душевен бол на мене и на моето семејство. Ке барам отштета стан во неговата општина за да можам одблизу да ги следам неговите глупости.
Радиш,
се надевам дека заедно ќе го следиме случајот до крај. Сигурно ќе испадне и некој пост.
Објави коментар