На утрешен ден, 15 февруари, се навршуваат десет години од студентско - средношколските протести во Скопје, во не толку далечната 1997 година. По тој повод на мојов блог ќе објавам неколку текстови со спомени и видувања на настаните од февруари - март ‘97-мата, мемоарски видувања на неколку учесници на протестите, чии имиња и презимиња нема да ги најдете во партиските штабови, по дипломатските преставништва, ниту собраниските комисии. Тоа се видувања и сеќавања на студенти, тогашни и сегашни „безимени“ револуционери, од чие што мислење толку многу се плаши тогашниот лидер Филип Петровски, чиј што страв и параноја одат дотаму што безобразно ги цензурира коментарите на некогашните негови соборци.
Со цел да и се стави стоп на цензурата, а во интерес, и само во интерес, на вистината, го отворам мојот блог за слободно изразување на мислења и коментари во врска со настаните од ‘97-мата. Доколку некој почувствува потреба и желба може слободно да ми испрати текст на e-mail: dzajkovski@gmail.com. Притоа, доколку сакате можете да ја задржите својата анонимност, а јас тоа ќе го почитувам.
За почеток со задоволство најавувам три мемоарски видувања за студентските протести од 1997-мата година, на тројца тогашни директни учесници на истите. Соработка и свој текст најави и администраторот на блогот "The Truth Laid Bear" (мечето ушко) кој со задоволство ќе го објавам.
Благодарам
Драган Зајковски (кибицер)
Драган Зајковски (кибицер)
2 коментари:
Tiru-liru, tiru-liru... чекам
ribaro,
еве само за на тебе ти шепкам дека ќе има еден моѓне интерес текст на еден нашинец кој беше современик на настаните и кој сега работи во Данскиот институт за меѓународни работи и политика.
Поздрав.
Објави коментар