понеделник, февруари 12, 2007

СТОП ЗА ЦЕНЗУРАТА: Директорот


„Карактерот на еден човек ќе го запознаеш
дури откако ќе ти стане претпоставен“
(Ремарк)

Првпат кога прочитав дека имаат блог мислев дека е некаква заебанција. Ама после испадна дека навистина отвориле блог. (Темпларите, де)


Првиот пат кога бев на нивниот блог немав појма кој го уредува. Ама после, извори кои сакаат да останат анонимни ми шепкаат дека го уредува типот на фотографијата. (Филип, де)


И тогаш почнав да се прашувам. Дали е можно до таа мера оперативната обработка на службите да остава траг во карактерот на тој што е предмет на обработка.
Лоша работа е да си дисидент на 25 години, бидејќи веќе на 35 се ќе забораиш. И идеали и бутур. Ама после ми текна на Че Гевара, на Панчо Вила, на Унамуно и на милион други млади дисиденти кои цел живот останале да се борат за своите идеали. Па и они имале по 25 години кога се побуниле против системот, но цел живот останале да се борат за своите идеали. Првиот, дури, напуштил место гувернер на Народна Банка и отишол да се бори во беспаќите на Африка и џунглите на Латинска Америка.
Ама после се свестам
и си велам: „Е кибицер, будало една. Со кого ти ги споредуваш Че Гевара, Панчо Вила и Унамуно. Со овој нашиов. “ (Будала сум, нели?)

Навистина е лошо цел живот да си навикнат да ти ласкаат, да ти се пегмезат разно разни педерчиња (што од навика што од мака). Тоа навистина остава поголем ожиљак дури и од оној на службите. Некако се навикнуваш на фелацио (партиско - политичко, де) и мислиш дека е нормално да го слушаш само она што сакаш да го чуеш. Ти ласкаат вработени кои од страв за парчето леб се топат пред тебе како капка снег. Потоа, ти ласкаат секретарки кои на секој можен начин гледаат да ја сочуваат работата. Ти ласкаат дури и на улица во желба да ти се допаднат. Потребата за ласкање е навика, а секоја навика е ептен опасна работа. Што ако се најде некој кој размислува поинаку и со своја глава; некој, на кого баш и не му е гајле дали ќе го избркаш од работа и кој воопшто не е заинтересиран за трошките кои од време на време им ги фрлаш на обичните „непросветлени“ смртници. Е тогаш на сцена стапува нејзиното височество - ЦЕНЗУРАТА!!!!

ЦЕНЗУРАТА НЕГО ШТО!!!! Јас на него. Па он е институција за мене, ееееј. Што има јас да му го кажувам она што другите се плашат да му кажат у лице . Што има јас да размислувам со своја глава. Па има кој да размислува место мене.
Е мој Панчо Вила, не одат тие работи така. Фотељата го чини човека слеп, глув и ептен суетен.
Нејсе...

Секој има право на мал дел од џунглата наречена Блогосфера. Секој има право да си брани територија. Блог ми е двор ми е!!!! Следствено на тоа има право и на ЦЕНЗУРА!!!! Ама во тој случај нека не продава чушки за слобода на изразување и остали европски флоскули.
Се сеќавам на еден февруарки ден, сличен на овој, кога едно младо апсолвентче по филозофија, нешто малку постаро од мене, пред кордонот полиција го извади Орвела и гласно го читаше пред нас безимените револуционери. Тогаш бевме спремни на само еден негов повик да го изодиме Скопјево и долж и попреку.
Ама не за џабе велат: „дај му на човека власт за да видиш каков е. Или уште подобро дај му блог да видиш колку е подготвен за демократија.“

Друже директоре... Па Ние се боревме против цензурата. Се сеќаваш на пишувањето на онаа плавушата од Дневник; дали помниш кога качен на железните барикади пред Собрание повика да испраќаме писма во редакцијата на Дневник; дали се сеќаваш на прилозите кои одеа на А1, на цензурата од страна на Студентско радио...
Е мој директоре... Се си заборавил. А десет години и не се така долг период во животот. Па ти повикуваше да им се спротиставиме на лажните вредности и да не дозволиме да ни издаваат налог.

СТОП ЗА ЦЕНЗУРАТА!!!!

п.с.
А Јас и сите кои ги познавав, тогаш, пред десет години, му веруевме. Ебеш ми мајку ако не му веруев.

12 коментари:

Photo Volan рече...

Искрајно од твоја страна ... Но за идеали гинат будали ... изгледа уште не беше тогаш испеана ... :)

Драган Зајковски рече...

кога си аџамија светот го гледаш поинаку.

Осве тоа:
2Луѓето ќе простат се освен искреноста“. Ете затоа е цензурата.

Анонимен рече...

Браос Кибицер. Искрено прв коментар онака асален на кој налетав а кој се однесува на фашливото кумановче. Јас на друг начин се борам а тоа се вика ИГНОРИРАЈ. Има луѓе кои се жедни за публицитет, најубаво ќе ги погодиш ако ги ИГНОРИРАШ. Гледам многу луѓе на блогерајот паднаа на финтата на човекот жеден за публицитет со документите кој ги залепи на неговиот пост за кодошењето. Кажи ми има ли некој што се разбира подобро од кодошење од самиот кодош. Му пишав вака. Можеш ли да ми помогнеш да дојдам и јас до едни вакви документи за мојот дедо кој е затваран и апсен. Не ми одговори. Знаеш ли зошто? Затоа што само кодошот знае како се доаѓа до такви документи. Мислиш дека можеш нормално да отидеш и да кажеш има закон, отворени се досиејата, јас сум тој и тој Ве молам сакам да го видам моето досие или слично. Знаеш што ќе добиеш, јас многу добро знам сум бил и сум пробал. Е сега истото тоа нафурано кумановче желно за публицитет се знае со каква намера го прави сето тоа и се знае на каков начин доаѓа до сето тоа. Сепак сметам дека е издуван балон и дека неговото е извикано. Биди ми поздравен КИБИЦЕР, на неколку места одлични коментари слушнав од тебе, те ставам во мојкот блог рол. Поздрав :).

nikolani рече...

Кибицер, за Филип не ме чуди и да заврши како професор на Тетовски универзитет.Ме загрижуваше тоа што мораше да се плати одредена сума пари за ССУКМ ако сакаш да запишеш година на факултет! Значи мораше да си член на Сојузот на студенти на Св. Кирил и Методиј. Јас никогаш не сакав да бидам член токму поради типови како Филип.Не знам како е сега.Дали уште по автоматизам се станува член на ССУКМ со запишувањето на Универзитетот?

Драган Зајковски рече...

мечето ушко,
имаш прилично интересна теза за Филипчо. деновиве спремам нешто како мемоари за студентските протести од 1997-мата. Исконтактирав со пријатели директни учесници на истите и се согласива да напишат свои сеќавања за протестите.
Едно прашање останува необјаснето: Зошто на 16 февруари 97-мата наместо пред Собрание и Министерство за образование Филип и Антонио не поведоа пред ССУКМ. Грешка во проценка или...

Драган Зајковски рече...

Во секој случај благадорам за опширниот коментар.

Поздрав од мене.

Анонимен рече...

Кибицер вака. Глеам дека сакаш да ја разглобиш темата за 97. Мојот блог не го замислувам како таков за да постирам на таа тема. Мрско ми е верувај не само на таа тема туку и натеми кој се однесуваат на политички збиднувања, мада понекогаш ме фаќа некоја еуфорија па и јас ќе акнам по неокој пост таков. Во глобала сакам да го позиционирам блогот во друг правец. Затоа кога ќе имам време ќе ти напишам една паралела на протестите 97 во Скопје и протестите 96 - 97 во Белград.Ако си бил учесник на 97 протестите тогаш сигурно знаеш дека еуфоријата беше подгреана и со случувањата во Белград иако едните и другите немаа врска ама лесно беше да подгрееш маса за на улица. У ствари ти ми ја даде идејата инаку немав намера. Само незнам дали да биде фактографски или во вид на расказ ај нека биде мешано. Ќе ти го пуштам по маил а ти ако ти се свиѓа објави го, сакаш во твое име сакаш потпиши ме мене. Како сакаш. Ај се читаме. За аАнтонио еве ти едно кратко мое поранешно коментарче

http://mecetousko.blog.com.mk/node/51430#comment

Ај чаос се читаме.

Драган Зајковски рече...

Како да ми ги читаш мислите :))))

токму тоа и имам намера. Веќе исконтактирав со тројца директни учесници на протестите од 97-мата и се согласија да пишат свои видувања за настаните пред десет години. И ја подготвувам мој текст за тоа. Веројатно уште утре ќе започнам со „фељтонот“.

сите ние бевме само обични безимени ревлуционери кои не водеа единствено идеалите. ама како што вели волан: „за идеали гину будали“. Затоа сакам да го претставам мислењето на оние обични учесници на протестите.

Филип е неинтересен, пристрасен и необјективен. Се обидува да се врати на голема врата во политиката претставувајќи се за маченик и жртва. Затоа е убаво да слушне што мисат оние кои ги водеше 97-мата за него како политичар и човек. знам дека ќе го боли вистината, ама тука кај мене на блог нема цензури и обично работите се кажуваат со нивното име и презиме.

Мечето ушко,
со задоволство ќе го објавам твојот текст и видувања за протестите. Прати ми го на dzajkovski@gmail.com

ако не сакаш не е потребно да се потпишеш со име и презиме. Ќе ја почитувам твојата дискреција.

биди ми поздравен друже.

Анонимен рече...

Не се согласуцвам со Волан „За идеале гину будале“. Ако е тоа така тогаш што правиме ние овде? Каква е потребата да се каже друго видуваље од она на Филип? Ако е тоа само покајување за еден изгубен идеал, поарно не почнувај. Ако е пак, следење на идеал и реализација на истиот но со чисто срце, тогаш е убаво да му се залепи една „шлаканица“ на оној кој ја изиграл довербата или ја искористил младешката наивност за реализација на себични цели... во кои за жал и успеа.
Зборот ми е: мавај со факти друже, а имаш факти гледам.

Анонимен рече...

Excellent e malku da kazam.....go gledav onojden na Biseri i mi se povracase...aj da ne se razboruvam...pozdrav!...ne drugo se iznervirav koa mi tekna:(

Анонимен рече...

Hello. And Bye.

Анонимен рече...

[url=http://www.pi7.ru/foto/1530-kureznye-foto-15-foto.html ]Домашние фото голых девушек [/url]
мне 23 года, мужу так же. скоро будет годовщина брака, сообща 3 года, все было хорошо, но последние месяцы я прям с ума схожу, надоел этот брак, это постоянство. я мужа не хочу, сексуально он вообще не возбуждает, хотя в пастели он хорош. и не гуляет он, все для меня делает, в этом плане очень лестный, а поведение просто жесть порой бывает, истерики мне устраивает по мелочам, это наверно отталкивает... я хочу эмоций новых, хочу бабочек в животе! а он так как меня любит, а я ежедневно автоматом отвечаю, что люблю...а когда задумываюсь, действительно ли люблю, не могу ответить сама себе... что делать? как воскресить былое притяжение?