понеделник, февруари 12, 2007

Допис бр.101/2: „Autobahn“

СТРОГО У ПОВЕРЕЊЕ
предмет: Ким Филби
Допис бр. 101/2

12.02.2007
Лисабон, Португалија


“ Пази да не те згази кола “!!!
Овие зборови ми ги кажале стотина пати. Сепак, на 16 - годишна возраст не внимавав и бев удрен од едно комбе. Се сеќавам дека возачот на комбето, иако воопшто не бев повреден, беше поисплашен од мене. Неколку пати ми повторуваше дека сум среќен. Сега знам дека бил во право.
Како и да е, ова не е начин на кој би требало да проверуваме дали сме среќни и мора да внимаваме на себе во такви ситуации. Нема потреба од брзање. Во спротивно, може да се најдеме на некое друго место. Таму ќе си останеме „статични“ и „мирни“.

Затоа, возачи и пешаци, внимавајте и не си ја предизвикувајте судбината. Животот е многу поважен од суетата.

By the way,
авторот на дописов не знае да вози, но тоа за него не претставува хендикеп. Nevermind...

со другарски поздрав
Да живее СССР
Ким Филби

Администраторот на Блогот Историја, кибицер,
не секогаш се согласува со ставовите на Ким Филби.
Но поради величината и авторитетот на филбиевото име,
со задоволство му отстапува простор на „стариот волк“
да ги изнесе своите размисли.

2 коментари:

Анонимен рече...

Оф Топик прашање, (чистење на мојата информативна збунетост)

Ким Филби умре?

Драган Зајковски рече...

Bunka,
Да. Во 1988 година во Москва.

поздрав.