Најголемото табу во овие години на транзициона агонија се партиските вработувања. Нема да откријам топла вода ако кажам дека ваквата состојба е продукт на извртените вредносни критериуми во општеството во кое живееме. За овие 15-тина и кусур години транзиционо преживување вредносниот систем до толку мутираше што го роди чудовиштето „Партиски вработувања“.
Партиската контаминација која метастазира во сите сфери од општеството, придонесе за мутирање на системот на вредности: во образованието, администрацијата, културата, спортот.
Во ваквата контаминирана реалност најчесто успеваат оние кои имаат подебели „кабли“, кои имаат да плукнат „евричи“ за рушвет, оние чии тетки се знаат со министерот, чии чичковци се во Извршниот комитет, чиј што вујко е во Централниот, а, пак, они самите имаат дебел стаж во лепење плакати и делење пенкалца по врати.
И каде е тука „младата авангардна интелектуална крв“?
Не можејќи да исплива на површината, исплашена за својата егзистенција, а надевајќи се дека „Големиот брат“ ќе има милост, почнува да се проституира - интелектуално. Прво и е незгодно кога им прави фелацио на локалните партиски шефчиња, и се теши дека тоа е неопходно во секоја кариера. Демек сите така правеле. Се нудат како интелектуални проститутки надевајќи се дека Директорот и партискиот силник ќе има милост. Ама потоа фелациото преминува во навика.
За жал, секогаш и без исклучок, независно до каде ќе стигне и со кои трошки ќе се задоволи „порно глумецот“, политичкото фелацио доведува до негово интелектуално гушење. Навистина е интересно да се посматра како луѓе кои себеси се дефинираат за интелектуалци и авангарда предат како мачиња пред партиските авторитети.
И што останува после сето ова?
Па не баш многу!!! Снајди се ако можеш. Ако не можеш избегај у странство или отвори блог. Можеби некој ќе ти остави коментар. А можеби и нема.

блог текстови со слична проблематика:
Волан: Партиски вработувања
Волан: Конкурс
Блог Историја: Сите школи така прават
Блог Историја: О како е добро да си глуп
3 коментари:
Навистина знаеш да пишуваш добро ...
За волку “проста тема“ си напижал литературно дело ...
Поздрав,
п.с. кој ти е крив што си “непушач“ ...
Поздрав:)))
Мислам дека партиските вработувања датираат од времето на социјализмот. Тогаш требаше да имаш партиска книшка од Комунистичката партија за да успееш во животот.
Денес пак треба партиска книшка ама не Комунистичака, туку демократска - од ВМРО или СДСМ.
СДСМ како наследници на Комунистичката партија, можам да ги разберам да тераат ваква политика. Ама ВМРО-овците да ти бараат партиска книшка е рамно на идеолошко фијаско.
По се изгледа дека најголем дел од Македонеците (за жал) се со социјалистички софтвер.
Објави коментар