Особено поразителна е состојбата при вработувањето во државните институции. Конкретно во образованието. 100,92 % непотизам, и само непотизам. СИТЕ ШКОЛИ ТАКА ПРАВАТ.
Практично е невозможно да те примат на работа во училиште ако не ги исполнуваш следниве услови т.е. ако немаш „кабел“ во:
1) во Министерство за образование (лично кај министерот, заменикот, потсекретарот, а особено кај швалерката, сек(се)ретарката)
2) во Подрачна единица на Министерство за образование (началничката, инспекторот, советникот)
3) да те препорача некој кај директорот на училиштето (тетка, вујко, комшија, кум, швалерка)
Притоа, тука, како пресудни фактори се јавуваат разни тетки, стрини, чичковци, татковци, кумови, пријатели. Особено е важно да имаш јак „грб“ у партија; можеби ќе делиш пенкалца или ќе лепиш плакати пред избори, ама барем шансите за вработување ќе ти се покачат. Ако сака некој глауч од Извршниот или Централниот комитет да те препорача кај директорот на школото, тогаш сигурно влегуеш на работа. Нема утка. СИТЕ ШКОЛИ ТАКА ПРАВАТ.
Процедурата за вработување во образованието (а веројатно и во другите владини институции) е следнава.
Прво,
Ги информираш тетките, стрините, вујковците и целата поблиска и подалечна родбина дека си завршил факс и дека сакаш вработување во некое школо; средно или основно. Потоа одиш у месниот комитет на партијата и го информираш претцедателот дека сакаш вработуење во школо, јасно давајќи му до знаење дека ако ти помогне ќе му бидеш благодарен до гроба и даље кај севишниот. Тој ти ветуе брда и долини, ги пцуе оние од другата партија као ја ебале државата, као сфе е партизирано, и као да не се секираш пошто они не биле као другите, туку мислеле на сите нивни членови. Требе само да бидеш поактивен у партиските активности, да го тренираш јазикот за лижење и да ветиш дека откога ќе те вработат ќе им плаќаш редовен „арач“ од платата секој први у месецот на име партиска чланарина. Се разбира и тоа го прифаќаш пошто нели не се живее од идеали, а и СИТЕ ШКОЛИ ТАКА ПРАВАТ.
Второ,
Српливо чекаш да ти се јават стрините, тетките, вујковците. Чекаш и абер од партијата. И тогаш еден убав с’лнчев ден ѕвони телефонот и ти соопштуваат дека утре у 11 часот требе да се јавиш кај директорката на школото. Цела ноќ не спиеш од узбуџење дека конечно си нашол – упс!!! пардон – ти нашле работа. Сабајлето фино лепо се облекуеш, да не речам се пицнуеш, и правац у школо кај директорката. Она од љубазна – пољубазна.
- Па што не си се јавил порано.
- Дури вчера се слушнав со тетката ти, она ми кажа дека си без работа.
- Секретарот од партија ме информираше пред некој ден дека наше дете чека работа.
- Кај е татко ти да се јави, абре се изгубивме, да му кажеш дека требе да части
После ова бомбардирање од срдечност ти ја соопштува добивката на бинго: те примила на работа, пола фонд на часови, договор на дело и обеќање дека ќе ургира у најкраток рок да добиеш решење.
Трето,
Месец дена откако те примиле на работа секретарот на школото те информира дека пуштиле оглас у весник (најчесто Македонија Денес, пошто никој не ја чита) за твоите часови и дека ќе требе да ги донесеш потребните документи. Ти онака збунето прашуеш што ако се јават и други кандидати на огласот, а секретарот прснуе од смеа и ти вика ич да не се секираш пошто СИТЕ ШКОЛИ ТАКА ПРАВАТ.
Втората можна ситуација.
И покрај превземените чекори за информирање на блиските и помалку блиските дека бараш вработување, телефонот остануе глув. Ти чекаш и чекаш, а телефонот упорно неќе да заѕвони. Тогаш те фаќа нервоза па купуеш „Македонија Денес“ и читаш огласи. Во ЕМУЦ барале професор по историја. Супер. Ќе пратам документи можеби не е наместено. Праќаш документи и ништо. У „Мирче Ацев“ барале наставник по историја. Праќаш документи и пак ништо. У „Дане Крапчев“ имало часови по граѓанска култура. Праќаш документи и ондак поново ништо.
Читаш, у Драчево у гимназија барале историчар. Поново иста процедура; купуеш плико, ставаш документи, ги испраќаш по пошта - пази богати!!! – препорачано – да не се изгубеле. И пак ништо. Дознаваш дека часовите ги добила ќерка на професор вработен во таа гимназија. Си зборуеш сам на себе (да, да, пред одлепуење си): ова е класичен пример на непотизам и корупција. Ти чади главата од нервоза и решаваш да се обратиш до Антикорупциската и Министерството за образование; се тешиш дека министерот можда нема појма што се работи у неговиот ресор. Мислиш дека имаш аргументи за непотизам и корупција. Праќаш пријава. И чекаш, чекаш, чекаш..... И конечно добиваш одговор. СИТЕ ШКОЛИ ТАКА ПРАВАТ.
Снајди се ако можеш. Ако не можеш, тогаш избегај у странство или отвори блог. Можеби некој ќе искоментира дека СИТЕ ШКОЛИ ТАКА ПРАВАТ.
Е БАШ МЕ БОЛИ ЗА СИТЕ ШКОЛИ.
п.с.
Излези на избори, ние кога ќе победиме ќе биде подобро. Курац ќе биде подобро. Од исти калап сите се правени. Ни ја скршија кичмата на цела генерација. Мојата избирачка кариера заврши. ГЛАСАЊЕ – НЕ БЛАГОДАРАМ!!! Можам само да се измочам пред нивното избирачко место. Повеќе не заслужуваат.
6 коментари:
...што да кажам. Ти ја сфаќам нервозата. Не целосно, оти уште не сум се нашол во таква ситуација.
Ама пак се надевам дека нема вечно да биде вака.
Понекогаш ме фаќа нервоза, се силам, револуција, бунт ќе кревам, а кога ќе ми се излади главата, сфаќам дека човек-еден е немоќен против машината. Треба повеќе од еден. Многу повеќе. Ама ќе не биде.
Еден ден...
АМИН!!! Мило ми е што исто ги дијагностицираме работите.
Кога ќе дигате револуција викнете ме и мене! сега сме веќе тројца,а еден ко ниеден...
а кој ќе биде прецедател после ?:)))))се зезам.....
Слично као у античка Атина. Прецеднико и министрите ќе се бираат со жбрепка од сите граџани. Секој ќе може да стане прецедник ако го извлечат на државната лотарија. Проблем би се јавил во случај ако лотаријата за избор на прецедник ја води Игор Џамбазов. Е тогаш наебавме:))))
:)))))))))))))
[url=http://wmtraffs.ru/]WMTraffs.ru[/url] - зарабатывай бабло, продавая POP-UP трафик на нашей партнёрке
Партнёрка WMTraffs.ru предлагает Вам возможность заработать на своих ссылках, не имея сайта. Такженаша партнерская программа предлагает выкуп трафика с сайтов сети интернет технологий popunder, clickunder, растяжка в шапке, обычные баннера.
Објави коментар