недела, февруари 25, 2007

Досие студентски протести: High hopes

High hopes

Encumbered forever by desire and ambition

there is a hunger still unsatisfied

our weary eyes still stray to be horizon

though down this road we' ve been so many times . . .


време: февруари – март 1997-мa

1.

- Колеги, јас ја преминувам црвената линија.
- ???
- И јас ќе штрајкувам со глад. Да се поздравиме. Можеби се гледаме за последен пат.
- Па . . . здраво.
....
По 15 минути.
- Колешке, зошто се врати?
- Не ме примија во шаторот. Ми рекоа дека нема место. Но јас нема да се откажам. Ќе штрајкувам со глад на клупа, близу до шаторот.
- Ама колешке, февруари е. Ке се смрзнеш од студ.
- Имам неколку кебиња. Ги земав и ќебињата на цимерката.

Следниот ден, штрајкот со глад на нашата колешка беше радикално прекинат од страна на нејзината мајка. По краткотрајно физикално убедување (слаканици ), нашата колешка го стави во мирување штајкот со глад.

2.

Првите денови од протестите неколку студенти одат кон министерство за образование. Еден од нив носи транспарент. Одеднаш пред нив се појавува еден познат актер, и смеејки се им вели:

- Како што гледам, многу сте масовни.

На студентот со транспарентот му доаѓа да пропадне во земја од срам . . .

3.

- Извинете, од која телевизија сте вие? Ве прашувам затоа што немате ознака на камерата.

- Дечко, јас работам за МВР.

- Стварно?

Негде во некој кабинет:

. . . Колега, да ја избришам ли касетата со овој љубопитниов студент?
- Немој. Никогаш не се знае. Можеби ке стане познат . . .


П.С. Текстот е посветен на големиот актер Ѓорѓи Колозов, со кого се сретнав случајно, додека носев транспарент на протестите ‘97-ма. Бог да го прости.

Со другарски поздрав
Ким Филби

3 коментари:

Historian рече...

Zdravo kolega.
Te sledam tvoite postovi. Ima interesni novini, sekoi pat koga te posetim.
Sega te pokanuem, da go posetish eden drug bloger. macedonia-history.blogspot.com
Tamu sega che vidish edni spomeni na eden obiknoven coek ot selo Vrutok, Gostivarsko.

Pozrdav

Драган Зајковски рече...

Колега историчар,
Иако не се согласувам со твоите ставови, сепак тоа не е причина да не дискутираме на едно цивилизирано ниво.


поздрав.

Историк рече...

Se soglasuvaam napuno so tvoite zborovje.

Pozdrav.

Che ti pisham skoro na mail. Se nadam da nemash nishto protiv.

So pozdrav