понеделник, февруари 19, 2007

Досие студентски протести: Странските разузнувачи и настаните во 1997-ма година на Балканот и Македонија

Македонското опкружување кон крајот на 1996 и почетокот на 1997 година


На Балканот кон крајот на 1996 и почетокот на 1997 се случуваа одредени настани кои со сигурност може да се каже дека се раководени од еден центар, секако со помош на некоја странска разузнавачка служба. Како последица на тоа се активираат и балканските разузнавачките служби кои имаа добро изградена мрежа, користена за време на еднопартиските социјалистички системи. Овие странски агентури вешто го користат незадоволството пред се на младите луѓе, на Балканот, кои живеат во земји со постојана економска криза, неправди, неправедна и наместена приватизација, со се поизразен економски и социјален јаз меѓу граѓаните. Овие млади луѓе сфаќаат дека немаат светла иднина и се обидуваат скромно и чесно нешто да променат, пред поголемиот дел од нив да заминат во странство, а другиот дел да сонува дека ќе замине.
Граѓаните предводени од прогресивните студенти излегоа на улица.

Но да се потсетиме што се случуваше во одредени балкански земји кон крајот на 1996 и почетокот од
1997 година.

Во Албанија пропаѓаат неколку пирамидални штедилници, народот демонстрира, состојбата преминува во анархија, а интересно и нелогично е штово тие протести на оштетените штедачи не страдаат директорите на штедилниците, бизнисмените, министрите или некои поситни чиновници од јавната администрација. И наместо да бидат ограбени продавниците со трго
вска стока, ограбени се магацините со оружје на Албанската армија. Се краде пешадиското оружје кое е најчесто од кинеско производство, и е солидно за герилска борба, а потоа за мали пари се продава на ОВК. Да се потсетиме дека власта во Тирана, по овие настани, па се до 2002 година, не го контролира поголемиот дел од северна Албанија, а особено границата со Косово.

Бугарија банкротира како држава, народот протестира со месеци дури е запалено и бугарското собрание. Движечка сила се студентите. Постојаните протести преминуваат во забава, се избира мис топлес на протестантите. Како последица на демонстрациите, паѓа владата и се воспоставува меѓународен монетар
ен борд. Државата, и до ден денес, е зависна од тој монетарен борд. Посебно интересно е што Бугарија како банкротирана држава влегува во ЕУ.

Во Србија протестите траат најдолго. Џинџиќ и Драшковиќ делумно победуваат на локалните избори 1996 година, но Милошевиќ им ја краде победата. Најсилни во тие протести се студентите и студентското движење „Отпор“. Настаните на белградските улици ја дефокусираат власта во Белград и настаните во Албанија поминуваат без да има можност соодветно да реагира.

Македонија кон крајот на 1996 год. и почетокот на студентските протести

Во Македонија по локалните избори 1996 година се уште немаше слобода на говорот и изразувањето, а сите медиуми кои беа премалку, беа под контрола на владеачката СДСМ и тазе создадената олигархија на Бранко Црвенковски. Опозицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во која имаше, премногу инкорпорирани луѓе кои работеа за бугарската и српската разузнавачка служба, иако се прокламираше за национална и демохристијанска, сепак не беше способна да го покрене народот и со демократски мерки, преку институциите на системот да создаде поволна клима за демократизација на земјата. Власта се обидуваше да му стави крај на проблемот со високото образование на Албанците. Постоеше непризнат албански универзитет во Мала Речица. За да го амортизира се поголемото запишување на Албанците од Македонија, но и од Косово, на тој универзитет, се обиде на мала врата, иако против уставно, да го воведе албансакиот јазик на Педагошката академија во Скопје. На заговорниците на таа идеја, кои потоа ги нарекуваат „косовски лобисти“ (луѓе кои работат за странски разузнавачки служби и организации, со крајна цел независност на Косово), целта им беше постепено да го воведат албанскиот јазик на сите факултети од Универзитетот „Кирил и Методиј“. Најистакнат од тие лобисти беше Љубомир Фрчковски кој тогаш беше министер во македонската влада. Во таква клима во јануари 1997 година се организираат протести од легалното избрано раководство на ССУКМ и Ректоратот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, а против законот за употреба на албанскиот јазик во високото образование, што претставуваше почеток на консензуалната демократија или федерализација на државата. Протестите беа мирни и се одржаа пред Филозофскиот факултет и Министерството за образование. Поради зимската ваканција протестите се одложуваат за наредниот семестер...


Добро искористена зимска ваканција за подготовка и план и постојано насочување на Протестите

Главните настани за Македонија се случуваат за време одморот меѓу двата семестри. Период во кој можеше добро да се организираат протестите. Организацијата на протестите ја презема ВМРО-ДПМНЕ преку Унијата на млади сили. Ректоратот сфаќа дека протестите добиваат политички предзнак и се повлекува од протестите, но скоро цело време додека траат истите им дава морална поддршка на протестантите. И ССУКМ се повлекува од протестите, но под притисокот од власта.

Како официјален организатор останува Студентската организација на Педагошката академија, а неофицијален организатор всушност е УМС. Сепак, вистински организатори на протестите се српски разузнавачи кои активно, преку свои луѓе, или поточно преку „комановското лоби“ во ВМРО-ДПМНЕ, ги раководат протестите.

Имено,
  • На Србија не и одговараше во Македонија да им се дадат толку големи права на Албанците, затоа што истите потоа требаше да ги примени и на Косово.
  • Несокриена е врската меѓу службите во Србија и „кумановското лоби“ во ВМРО-ДПМНЕ (Даравелски, Томе Стојановски-Далавера, Филип Петровски). Интересено е што „Кумановското лоби“ паѓа и го губи приматот во исто време кога паѓа Милошевиќ.
  • Во 1997-мата, во ВМРО-ДПМНЕ, а посебно во УМС, немаше способен човек кој можеше да организира толку добро организирани протести. Самите протести беа организирани во три фази: прво беа само студенски протести, па откако се исторшија студентите беа активирани средношколците, па потоа имаше штрајк со глад.

Имајќи го сето ова во предвид воопшто не изненадува постапката на македонските безбедносни служби кои т.н. лидер на Студентските протести, Филип Петровски, го ставаат под постојана присмотра, а токму поради сомнежот дека одржува контакти со српски разузнавачи. Само како илустрација да потсетиме дека на протестите учествуваа студенти со многу посомнително минато од Филип Петровски, па за нив не е отворено досие.

Оливер ОЛСЕН
соработник на Данскиот институт за меѓународни работи и политика.


Apendix



Не е тајна дека дека лидерот на студентските протести од 1997-мата година, Филип Петровски, е припадник на т.н. витешки ред на Темпларите. На фотографијава е посведочено присуството на српскиот владика Хризостом, митрополит на Бихачко - петровачката епархија на СПЦ, како активно учествува во темпларските процесии. Истиот тој Хризостом за време на војната во Босна им дава отворена поддршка на Ратко Младиќ и Радован Караџиќ и јавно ги благословува т.н. Арканови Тигри.
Останува отворено прашањето колкаво е влијанието на СПЦ и српските служби во т.н. витешки ред на Темпларите и посебно нивното влијание сред македонските темплари.
Како тоа филип Петровски, речиси преку ноќ, станува просветлен темплар. Во најмала рака, чудно. Нели?


Администраторот на Блогот Историја
не секогаш се согласува со искажаните ставови
и мислења на соработниците.
Сепак, од се срце, им благодари на соработката
и ќе направи се за да го пренесе нивното мислење.

17 коментари:

volan рече...

“...Овие странски агентури вешто го користат незадоволството пред се на младите луѓе, на Балканот, кои живеат во земји со постојана економска криза, неправди, неправедна и наместена приватизација, со се поизразен економски и социјален јаз меѓу граѓаните. Овие млади луѓе сфаќаат дека немаат светла иднина и се обидуваат скромно и чесно нешто да променат, пред поголемиот дел од нив да заминат во странство, а другиот дел да сонува дека ќе замине...“

Јако кажано и дефинирано ...

volan рече...

Учивам - како си направил еден историски приод кон расветлување на насанот ...

“..Тирана, по овие настани, па се до 2002 година, не го контролира поголемиот дел од северна Албанија, а особено границата со Косово. ..“

Ова само навидум беше така - дека е “случајно“ разграбувањето на оружјето “кражбата“ ...

Ова е криза која само се искористи енормно да се наоружа Албанецот во Косово и Македонија

Извини малку офтопик е коментаров ...

volan рече...

“..Бугарија банкротира како држава, народот протестира со месеци дури е запалено и бугарското собрание..“

Вакво сценарие за малку ке се случеше и кај нас ... протестите по настаните во Арачиново ... само господ го спаси МК собранието ...

Палење на собранието имаше и во Србија ... незнам како е редоследот историски ...

Но во три соседни земји скоро во исто време ... не е случајно ... и не е “непомогнато“ од некој од страна ...

volan рече...

“..Во Македонија по локалните избори 1996 година се уште немаше слобода на говорот и изразувањето, а сите медиуми кои беа премалку, беа под контрола на владеачката СДСМ и тазе создадената олигархија на Бранко Црвенковски. Опозицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во која имаше, премногу инкорпорирани луѓе кои работеа за бугарската и српската разузнавачка служба, иако се прокламираше за национална и демохристијанска, сепак не беше способна да го покрене народот и со демократски мерки, преку институциите на системот да создаде поволна клима за демократизација на земјата..“

Пак многу јако ... историски приод ... со личен печат ...

volan рече...

“.. За да го амортизира се поголемото запишување на Албанците од Македонија, но и од Косово, на тој универзитет, се обиде на мала врата, иако против уставно, да го воведе албансакиот јазик на Педагошката академија во Скопје..“

Протестирањето против ова ... на спротивставените протести организирани тогаш од албанските студенти ... кои светот ги восприеми со “симпатии“ ... беа далеку помали но со јасни цели ...

Дадоа за право на Албанците на широко да трубат дека им се загрозени “правата на човекот“ и “употребата на мајчиниот јазик“ ...

Со ваква парола ... тие покасно од “терористи“ беа преименувани во “борци за човекови права“ ...

volan рече...

“.. консензуалната демократија = федерализација на државата ..“

Јако ...

На ова особено покасно “добро ке одработи славниот Бадинтер“ ...

volan рече...

“..Организацијата на протестите ја презема ВМРО-ДПМНЕ преку Унијата на млади сили..“

Ова го знаеше и тогаш - или покасно дојде до ова сознание ...

volan рече...

Интересно ... интересно е за мене ставањето на “организаторите“ на протестите во врска со србските разузнавачи ... мада многу е логично ...

Но доста храбро од тебе ... “без факти“ ... да ставиш во врска некои видни членови на ВМРО-ДПМНЕ ... Даравелски, Томе Стојановски-Далавера, Филип Петровски ... со србски служби ...

На Филип нема да му се допадне ова ... тој сега нели се бори против оние кои го следеле (ги лустрира ... пред законот да излезе ...) ... а ти тука велиш дека и тој самиот работи за некоја служба ...

volan рече...

Се извинував за вака бројни коментари ... но бев инспириран ...

ribaro рече...

Многу интересна анализа.. многу!

terorist рече...

Себепромоција???

Врските на сите со секого

Моите врски

Кибицер рече...

„Многу лопати се потребни да се погребе вистината.“

Благодарам.

п.с.
терорист,
кај си ти :))) Се изгуби :))))

Bunka рече...

Овде некоја конспирација се создава...ааааааааа?

:)

Анонимен рече...

уф,уф...вау...теорија на заговор...човек кога чита, се ке си помисли. љубител си на заговори... но, не е баш така, како што си претпоставил. ПРВО, ЈАС НЕМАМ ВРСКИ СО КЛАНОТ НА ДАРАВЕЛСКИ И ТОА НИКАКВИ. ТОА МОЖЕ ДА СЕ ПРОВЕРИ. ИМА НАЧИНИ, АКО ВЕЌЕ САКАШ ДА ПРАВИШ АНАЛИТИЧКИ ПОСТОВИ. И ВТОРО, ШТО Е ЗА МЕНЕ ДУРИ И НАВРЕДА ДА МЕ ПОВРЗЕШ СО СРБИТЕ, НИВНИТЕ СЛУЖБИ ИЛИ НЕДАЛ ГОСПОД НИВНАТА ЦРКВА. ако нешто не ти е јасно, треба само да прашаш. во секој случај благодарам за интересот кој го пројавуваш. а сега продолжи да плукаш. тоа повеќе кажува за тебе, отколку за некој друг. - филип петровски (ова за да не се регистрирам на блогер нека иде вака!)

Анонимен рече...

овој Оливер ОЛСЕН некој јак аналитичар?! знаеш ли како се подготви теренот во мкд за нападот од косово во 2001?! па со такви аналитичари. толку просто. се наоѓаат типчиња кои за добра парка ке ти напишат каква сакаш анализа. сум сретнал многу такви. ги има многу и меѓу македонците, по разни институти и слично. - филип петровски

Анонимен рече...

уф. многу коментари за 10 години од протестите. добро е тоа! како што гледам има различни размислувања, про и контра. и тоа е добро. само неколку работи се индикативни. прво, каде се другите од челниците на протестите, нпр. антонио? зашто не коментираат нешто сега тие? јас како што кажав од протестите не се откажувам и не се откажувам од нивната идеја, која за мене беше и остана СВЕТА - МАКЕДОНИЈА. пост фестум кој како што сака нека коментира. тоа е негово право. ДЕМОКРАТИЈА. второ, еве едно наградно прашање. ДБК на РМ која беше под контрола на СДСМ (целосно и директно) ме нарече МАКЕДОНСКИ ЕКСТРЕМИСТ И БУГАРСКИ ВРХОВИСТ. (ВИДИ: http://filippetrovski.blog.com.mk/ , таму има документи од мвр), а овој ИСТОРИЧАРОВ и неговите пријатели аналитичари од белиот свет ме нарече СРПСКИ ШПИОН!!! па како да останеме македонци?? има ли начин некоја наша иницијатива да биде македонска? читам и се чудам. луѓево се склони да создаваат митови и магла, а да нејкат да го видат очигледното. па нели е ЗЕЧЕВИЌ денеска раководител во СДСМ. кој е во случајот поиндикативен ФИЛИП или МИЛЕ ЗЕЧЕВИЌ? или несакаме да го видиме очигледното, затоа што треба да не снема!!!! има на оваа тема многу што да се каже. феноменот на протестите не им дава мирен сон сеуште на многумина. јас само уште ке кажам, ДОСТА БЕШЕ ВО 1997 ВЕДНЕЊЕ ГЛАВА. НАВЕДНАТА ГЛАВА САБЈА ЈА СЕЧЕ. КАКО ШТО СЕ ВИДЕ ВО 2001. КОЈ ИМ ДАВА СПОМЕН НА ЗАГИНАТИТЕ? ЗА КОГО И КОЈ ЗАГИНАА? КОЈ ГИ ПРАТИ НА КАРПАЛАК ЛУЃЕТО ДА БИДАТ ТОПОВСКО МЕСО? И ЗОШТО? не сум подготвен од моите убедувања да дигнам раце, и вез разлика на се кога ке имам време ке ви пишувам. - филип петровски

Анонимен рече...

Филип Петровски никогаш и нестана Темплар. Веднаш по прогласуванјето беше избркан од Редот...Самиот АМк Ред си има свој Македонски претставник од Црквата. Нема врска никаква српската црква. Човек како Филип П. не ги поседува особините кои што еден човек треба да ги има за да стане Темплар.

Дама на Редот Св. Наум Охридски