Историјата е составена од мал милион лични човечки истории, мал милион судбини на оние „мали“ луѓе кои никогаш нема да бидат спомнати во учебниците по историја. Ретко кој за нив ќе одвои макар и еден ред од фуснота во набилданите томови историја. Вообичаено пиедесталот е наменет за „големите“; за оние кои војните ги поминале во топлите фотељи; за генералите кои никогаш не ја почувствувале калта на рововите; за оние кои само знаеле да викаат „пали“ и „разваљуј“; за оние кои дедо ми (Бог да го прости) велеше: „јорган партизани“.
Затоа вистинско освежување е дуологијата на Клинт Иствуд посветена на „Битката за островот Иво Џима“. Токму во двата филма, првиот насловен како „Знамињата на нашите татковци“, а вториот како „Писмата од Иво Џима“ (номиниран за оскар), „стариот волк“ Иствуд се занимава со личните судбини и драми на оние мали херои, од двете страни на борбената линија, кои служејќи како топовско месо ја испишуваа историјата без потоа никој да ги спомне нивните имиња во учебниците.
Од време на време некој ќе ги повика како декор на парадите, ќе им стави парче метал на градите, а веднаш потоа ќе ги заборави до следниот јубилеј. Затоа моќно звучат зборовите на синот на еден од главните протагонисти во филмот, американски војник од Иво Џима:
можеби се тоа обични луѓе како мојот татко. „Можеби не постои такво нешто како што се хероите,
Конечно сфатив зошто им е толку незгодно
да ги нарекуаат херои.
Хероите се нешто што Ние го создаваме,
нешто што ни е потребно само нам.
Тоа е начин
да го сфатиме тоа што е речиси невозможно да се сфати:
„како можат, луѓето, толку да се жртвуваат за нас“.
Но за мојот татко, и овие луѓе,
ризиците кои ги преземале
и раните кои ги претрпеле,
го правеле сето тоа за своите другари.
Можеби навистина се бореле за својата татковина,
но умреле за своите другари.
И ако сакаме вистински да ги чествуваме овие луѓе,
треба да ги запаметиме онакви какви што навистина биле.“
Од 2004 година Клинт Иствуд нема „лапнато“ оскарче. Последен пат за Million Dollar Baby. Ако му појде од рака идниот месец да го прекине постот тогаш ќе биде единствениот современик кој успеал да добие три оскари за најдобар филм - Unforgiven (1992), Million Dollar Baby (2004) и искрено посакувам Letters From Iwo Jima (2007).
содржини со иста или слична тематика
*веб страна посветена на Битката за Иво Џима
*Блог Историја: За униформите
од пожолтените фотографии
и личните истории
*веб страна посветена на Битката за Иво Џима
*Блог Историја: За униформите
од пожолтените фотографии
и личните истории
6 коментари:
Ми се свиѓа цитатот.А и филмовите вреди да се погледнат.
Сила си пријателе,непресушен извор на теми.
Me naezi so citatite.... prosto... ti coveku so srce go ucis/prenesuvas se toa sto go znaes...
Gledas? I Bodan isto misli! :-)
Ovoj film mi izgleda pointeresen od Million dollar baby. MDBaby da si bideme iskreni bese obicen film i daleku od Oscar, ama aj i Hollywood kako i nie ima potreba od heroi:)
Pozdrav!
Katika
Ovoj film mi izgleda pointeresen od Million dollar baby. MDBaby da si bideme iskreni bese obicen film i daleku od Oscar, ama aj i Hollywood kako i nie ima potreba od heroi:)
Pozdrav!
Да се надеваме дека прогназата ќе ми се оствари и дека клинт Иствуд ќе добие дупли оскар (за најдобра режија и најдобар филм).
Катика,
Се согласувам дека овие два филма му се подобри од Million dolar Baby. Сепак заедничко им е тоа што третирираат судбини на „обични“ смртници кои по игра на случајноста станале повеќе или помалку медиумски експонирани.
И во трите филма акцентот е ставен на „обичноста“ на т.н. херои. И нив ги мачат истите стравови, истите желби, истите...
поздрав до сите и благодарам.
Објави коментар