понеделник, февруари 05, 2007

Допис бр. 101/1: „Welcome To The Machine“

СТРОГО У ПОВЕРЕЊЕ
предмет: Ким Филби
Допис бр. 101/1
05.02.2007
Бејрут, Либан

Драг читателу, додека зјапаш како теле у мониторот, размисли за следново:
  • постојат милион попаметни работи од повеќечасовно климчење пред компјутер;
  • човештвото е сé повеќе и повеќе зависно од компјутерската технологија;
  • се зголемува отуѓувањето помеѓу луѓето . . .

. . . Додека го пишувам дописов, надвор е прекрасен сончев ден. Со носталгија се сеќавам на времето кога стриповите беа главна детска занимација. Тогаш имаше помалку технологија и помалку насилство.

Ако немате некоја попаметна работа, продолжете да го читате овој допис. Јас ќе ја разбијам досадата со еден стар број на “ Алан Форд “.

Но, пред тоа, едноставно, нелиии, ќе кликнам на SHUT DOWN!!!!

Со другарски поздрав,
Ким Филби

Администраторот на Блогот Историја, кибицер,
не секогаш се согласува со ставовите на Ким Филби.
Но поради величината и авторитетот на филбиевото име,
со задоволство му отстапува простор на „стариот волк“
да ги изнесе своите размисли.

Воедно, Блогот Историја
со нескриена самобендисаност обзнанува
дека успеа да склучи договор за взаемна соработка
со другарот Филби
и оттука, секој понеделник,
ќе имате ексклузивна можност
да ги читате неговите дописи.

6 коментари:

Анонимен рече...

# постојат милион попаметни работи од повеќечасовно климчење пред компјутер;
# човештвото е сé повеќе и повеќе зависно од компјутерската технологија;
..............

Директно ти се спротивставени овие два става ... :)волан

nikolani рече...

Кибицер, повеќе сакам да зјапам во мониторот отколку во македонската реалност.

Драган Зајковски рече...

се надевам дека Ким Филби ги чита коментариве и дека ќе ве удостои со неговите одговори.

поздрав до двајцата.

Анонимен рече...

Зависи за што се користи компјутерот или пак интернетот.

1. Компјутер или дактилогравска машина за пишување?

2. Блогер или порно-манијак на нет?

-Кој ќе биде одговорот на овие две прашања?

Сигурно дека подобро е да се користи компјутерот како алатка за пишување и дека подобро и поквалитетно е да се биде БЛОГЕР отколку порно-манијак на нет!

Мое решение за проблемов: Лаптопот, и право во природа!

Драган Зајковски рече...

Се согласувам со мислешево. Лаптопот и во природа.

Анонимен рече...

Се ми е јасно и знам како... ама бадијала е, а гледам и ти си уште тука ;)