петок, јануари 26, 2007

Мишел Платини: новиот претседател на УЕФА

Поранешниот капитен на француската фудбалска национална репрезентација, Мишел Платини е избран за нов претседател на УЕФА. Како што јавува BBC Sport , веднаш по објавувањето на резултатите од гласањето, Мишел Платини, на својот против кандидат Ленарт Јохансон му го понудил местото почесен претседател на УЕФА.

„Ова е голема победа, но имам голема почит кон Ленарт и би сакал да го замолам Ленарт Јохансон да прифати да биде почесен претседател на УЕФА.“ - изјавил платини веднаш по изборот.

Од новиот претседател се очекува да ги исполни своите ветувања околу лимитирањето на бројот на учесниците во Лигата на шамипоните. Имено, во кампањата за избор на претседател на УЕФА, Платини објави дека доколку победи ќе го лимитира бројот на учесници во Лигата на шампионите, на најмногу три по земја, наместо досегашните четири.

Тој ќе остане запаметен и по изјавата: „Фудбалот најпрво е игра наспроти продукт, спорт наспроти пазар и забава наспроти бизнис“.

5 коментари:

Photo Volan рече...

добар беше како фудбалер - а изгледа е добар и како активиста на фифа и уефа...

trilobite рече...

Максимата од негова уста комплето ја подржувам,ама ова не се реформи што ги најавува,место 4 клуба-3!е јака измена!!Секоја држава треба да има свој претставник,првак во своја лига,ко порано што си беше,вака е апла бизнис,не е спорт,така да изјавава не му соодвествува со реформите што сака да ги спроведе.

Драган Зајковски рече...

trilobite,
мислам дека Платини сака да го лимитира бројот на клубовите на штета на големите земји, но во корист на помалите нации. Според неговиот план главниот акцент на дејствување УЕФА треба да го стави на унапредувањето на фудбалот во помалите национални федерации.

Но времето ќе покаже дали ќе успрее да го оттргне бизнисот од фудбалот. Јас лично се сомневам.

volan,

Се сеќавам на Хејсел и голот од пенал што им го даде на Енглезите. Фановите на Ливерпул има да го паметат цел живот :)))

поздрав до двајцата.

Анонимен рече...

и Нашава ФФМ еднаш да ја погоди победничката страна. Го сакам, зашто играше за Јуве :)

Драган Зајковски рече...

ribaro,
ама сега излегуваат документи дека утакмицата со Ливерпул на Хејсел била наместена :)))) Со цел да се смират навивачите и да се избегнат поголеми нциденти :)))

Инаку и јас го почитувам како фудбалер.

поздрав.