среда, јануари 17, 2007

Орфеј

Еден од најпочитуваните култови во античка Македонија, поточно во нејзините југоисточни краишта, бил оној посветен на Орфеј – витуозот во свирењето на лира, кршач на женските срца и верен сопруг на својата сакана Евридика.

Според една верзија, Орфеј е син на музата Калиопа и Оаргус – кралот на Тракија, а пак, според друга, негов татко е богот Аполон кој лично му ја дал првата лира на својот син. Со текот на времето ќе стане виртуоз во свирењето на лира при што дури и животните, дрвата и карпите ќе играат во ритамот на неговата волшебна музика.

Немирната нарав ќе го одведе во друштво на Аргонаутите придружувајќи им се во нивната „мисија“. Неговата музика била толку моќна што ја засенила дури и онаа на Сирените. По враќањето од експедицијата, Орфеј се жени за својата Евридика. Но судбината ги разделува. Евридика умира касната од змија. Орфеј се симнува во подземниот свет и успева да ја земе од таму од каде што никој не се вратил. Но, не се држи до договореното, се врти назад и Евридика повторно му е одземена.

Орфеј трагично го завршува животот. Според едни, тој е убиен од тракиските жени, а пак, според други, Менадите му го „спржиле маслото“. Како во некој филм на Тарантино, тие ќе го исечат на парчиња расфрлувајќи го на сите страни по земјата. Но, Музите згрозени од ѕверскиот чин на придружничките на Дионис, ќе го состават телото на виртуозот и достоинствено ќе го погребаат.

Веќе во V в. пр.Хр. почитувачите на култот на Орфеј ќе го востановат т.н. Орфејско движење. Неговиот култ го одржувале т.н. патувачки свештеници проповедајќи учење за кое тврделе дека потекнува лично од Орфеј.

4 коментари:

Анонимен рече...

Кибиц, држи темпо.. Овие работи се за збогатуванје на Википедија на македонски

Photo Volan рече...

Како и многумина пред него и по него и Орфеј настрадал поради жена ...

Драган Зајковски рече...

„Бог ги создал жените само за да ги скроти мажите“ (Волтер)

Анонимен рече...

Me zamisli za ova Volter sto go kazal...inaku se soglasuvam so Ribaro...ova pravec na Vikipedija na mk.