Еден од најпочитуваните култови сред античките Македонци бил оној посветен на богот Дионис.
Според мислењето на повеќето познавачи на оваа проблематика, една од најдобрите ликовни претстави на богот Дионис, најдена на македонско тло, е вотивната плочка од Стоби. На оваа плочка, датирана во III век, е претставен богот Диалис (Дионис). На плочката, заедно со Дионис, прикажана е и една од неговите придружнички (најверојатно Деметра), која има тирс (стап со бршлен на врвот) во десната и грозд во левата рака.
Од доцно хеленистичко време датира и еден друг релјеф пронајден во Стоби. На него е претставен Пан – придружникот на Дионис – со Нимфи. Во сличен стил е изработен релјефот на Дионис со Музите најден во античкиот театар во Охрид, датиран во I в.пред Ис.Хр.
Друг материјален извор кој сведочи за култот на Дионис во Македонија е вотивната стела најдена во близината на денешен Мелник. Стелата се датира во 215 г. н.е. и на неа е прикажан богот Асдоулес за кого се претпоставува дека е локална варијанта на Дионис.
Од друга страна, пак, наративните извори (Хесикиј) сведочат дека богот Дионис кај Пајонците (за нивното античко - македонско етничко потекло наскоро во друг текст) се нарекувал Dyalos. За раширеноста на неговиот култ сред Пајонците сведочат и трите релјефи најдени во околината на Прилеп на кои се претставени змии. Имено, змијата е чест мотив во култот на Дионис. Таа имала важно место во неговиот култ.
Сепак, се чини, дека пајонските монети на кои е претставен Дионис, се најсилниот аргумент кои одат во прилог на тезата за раширеноста на неговиот култ сред Пајонците.
Освен на територијата населена со античко македонски етникум, култот на Дионис е посведочен и во соседството на античките Македонци. Тука мислам на Дарданците, кои во антиката, меѓу другото, ја населувале и скопската котлина. Имено, на територијата на денешна Р.Македонија, во скопското село Јаболце, во 1975 година е најдена бронзена глава на античко божество која се датира кон крајот на I в. пред Ис.Хр.
Во врска со нејзината идентификација постојат неколку спротиставени мислења. Според едното, станува збор за глава на Изида, според другото, за Артемида, а, пак, според третото мислење се работи за глава на богот Дионис Таурос.
понеделник, јануари 15, 2007
Претплати се на:
Коментари на објава (Atom)
Нема коментари:
Објави коментар