Првиот сериозен обид да се даде одговор на прашањето за точното датирање на раѓањето на Исус Христос бил направен во 525 год. од страна на римскиот опат Дионисие Мали. Тој, по барање на римскиот папа Јован I (523-526), пресметал дека Исус Христос се родил на 25-ти декември 753 год. според Ab Urbe Condita.
Денес, во современата науката, се уште се води полемика зошто токму 25-ти декември бил земен како датум на раѓањето на Исус Христос. Некои автори, празникот, Рожденство
Христово-Божик, го поврзуваат со паганскиот римски религиозен празник Сатурналии (во чест на богот на посевите Сатурн) кој се славел во периодот меѓу 17-ти и 23-ти декември.
Што се однесува до точното датирање на годината на христовото раѓање, речиси и да не постои сериозен научник кој не се сомнева во пресметките на Дионисие Мали. Имено, евангелијата според Матеј и Лука (Матеј 2, 1; Лука 1, 5) соопштуваат дека Исус Христос се родил за време на последните години од владеењето на Ирод Велики, кој, пак, умрел во 4 г. пред Ис. Хр. - датум потврден врз основа на повеќе веродостојни извори. Од ова произлегува дека Исус морало да биде роден околу 4 г. од старата ера.
Последните пресметки базирани на историските податоци, библиските текстови и астрономијата, раѓањето на Исус Христос го датираат меѓу 7 и 4 г. од старата ера.ХРИСТОС СЕ РОДИ – НАВИСТИНА СЕ РОДИ
5 коментари:
Благодарност и за овој пост - мајсторе ...
задоволството е обострано:))))))
поздрав.
И уште пред Дионисиј имало тврдења за тој датум на раѓањето:Хиполит,Кирил Александриски...да надополнам само:)добар пост
Καλά Χριστούγεννα!
Промената од блогерај на блогспот е за некого благослов гледам, а за мене задоволство.Фала ти мајсторе! :)
Објави коментар