Сред македонските жени особено популарни биле оргијастичките свечености во чест на култот на Дионис. Тие за време на овие свечености се облекувале како мажи, „оргијале“, вршеле разни магиски ритуали и сл. Во овој контекст треба да се нагласи дека оргијастичките ритуали се белег за малоазиската и македонската, но не и за хеленската, религиска пракса и култови. Како што соопштуваат античките извори, и мајката на Александар Велики, Олимпијада, била посветена на свеченостите поврзани со култот на Дионис.
Интересно е да се каже дека во античка Македонија, култот на Дионис е тесно поврзан со ритуалното преправање и ловот. На ова упатуваат двата епитета кои ги носи македонскиот Дионис: agrios (криење на богот во полето) и erykriptos (учеството на богот во ноќниот лов маскиран во кожа од елен).
Некои автори сметаат дека ритуалите поврзани со култот на Дионис во античка Македонија се во корелација со симболичното минување од детството во зрелост (полнолетност).
Пан и Силен се двата придружници на Дионис. Пан е син на богот Ѕевс и една од нимфите. Тој е бог на полињата и шумите, заштитник на стадата и овчарите. Најчесто е претставен со козји уши, рогови и „брада на јарец“. Според митологијата, Пан прекрасно свири на фрула.
Силен е вториот придружник на Дионис кој воедно важи за негов учител. Тој е претставен со дебел стомак (чкембар), ќелав, најчесто во пијана состојба и качен на магаре.
9 коментари:
Сред македонските жени особено популарни биле оргијастичките свечености во чест на култот на Дионис.-Interesen podatok zbor da nema:)
interesno :)
Види ги одма се закачија на делот со оргиите :)
... наративните извори ...
Историчарите често при непостоење на пишани извори или артефакти ... историските дејанија ги опишуваат према - наративни извори ... демек раскажување од уста на уста, со генерации од насанакот на појавата до денеска ...
Една мала шега ... Луѓето изгледа имаат моќ на кажување и паметење прикаски ... само има еден проблем ... јас на пример кога кажувам прикаска на моите деца или на некои други деца - додавам по нешто свое ... и одтука ако со десетина стотина векови се прераскажуваат приказни (наративно) ... сегашните приказни чинам нема да имаат ништо со изворните ...
Но ова е една моја мала шега - прекрасен текст ...
Благодарност и поздрав ...
Ке биде ко она народната “...ша је баби мило то јој се и снило ...“ ... просите што изворно (наративно) ви ја раскажувам - парафразирам мудрата мисла - но така и јас сум ја слушнал ...
волан,
во групата наративни извори влегуваат сите пишани извори. Легендите и ти тоа што го дефинираш пренесување од „уста на уста“ влегува во групата усна традиција.
Оттука кога пишав наративни извори пред се мислев на пишувањата на Хесикиј, Херодот и др. антички автори.
Што се однесува пак до култот на Дионис и дионисиите, т.е. свеченостите во негова чест, македонските жени тој ден ја имале главната роља.
После испиени неколку чаши вино сешто им доаѓало на ум:)))))))
Кибицер
Не мислам да полемизирам со тебе ... се осеќам инфериорен во стручен поглед ...
Но еве мало истражување (од интернет се разбира)
Зборот Narrative - во википедија се опишува како:
A narrative is a story: an interpretation of some aspect of the world that is historically and culturally grounded and shaped by human personality (per Walter Fisher).
Зборот - Narrative history - во истата википедија се опишува како:
Narrative history is the practice of writing history in a story-based form. It can be divided into two subgenres: the traditional narrative and the modern narrative.
Колку што ми дозволува моето релативно слабо знаење на англискиот - од двата линка погоре се гледа дека Наративна историја т.е. наративни историски извори се наречекуваат оние пишани историски извори кои потекнуваат на база на запис на некоја приказна ... Сега само се поставува прашањето колку генерациии на раскажувачи додавале нешто свое ...
Значи постоела приказна за некој настан или појава ... некој ја запишал некогаш ... и од тогаш навака имаме таканаречен “наративен извор“ ...
Наративните извори најчесто ги пишуваат Грчки филозофи и мислители и бидејки тие си додавале по нешто свое - за нас Македонците ... наративните извори треба да значат дека три пати треба да ги препрочитаме ... пред да заклучиме нешто од нив ...
Се согласувам дека изворната граѓа мора да помине низ фазата на научно - критичка анализа. Без тоа нема објективна интерпретација на изворниот материјал.
Одлична тема за дискусија :))))
Поздрав.
Thanks for shаring your info. I reallу appreciate уour effoгts anԁ I am waіting for your further pоst thanks onсe аgain.
Watch Merlin Season 5 Episode 9
Also visit my homepage - Watch Merlin Season 5 Episode 9 With All My Heart Online Free Stream
Објави коментар