Ете пројде и оваа Нова. „Пијанства, весеље и кича“ - што би рекол Балашот. Јас би додал: „и многу - многу петарди“.
И што останува после сето тоа славје, свечени тоалети и размачкани шминки? Па не многу. Стари желби, бајати надежи и понекое ново пријателство. Не дека лошо си поминав. Супер беше.
Следниот ден излегувам да се прошетам. Гледам и „Градска чисточа“ празнува. Па и тие се луѓе. Деновиве воопшто не им се лутев за неисчистените контејнери.
Нема коментари:
Објави коментар