вторник, декември 19, 2006

Бригите: Најстарото етничко јадро во етногенезата на античките Македонци

Најстарата етничка група која ја населувала територијата на Македонија биле Бригите. Тие претставуваат најстарото етничко јадро во етногенезата на Античките Македонци. Врз основа на археолошките, епиграфските, но и наративните извори, односно делата на Херодот, Страбон и Плутарх, со голема веројатност може да се претпостави дека Бригите ги населувале областите околу устието на р. Еригон (денешна Црна Река), и од Термајскиот залив се до р. Струма. Тие како најстара етничка група која ја населувала територијата на Македонија морале да учествуваат во етногенезата на Античките Македонци заради што и Стефан Бизантиецот ќе рече дека Бригите се македонско племе соопштувајќи го податокот на Хесикиј за постоењето на градот Бригиас во Македонија.

Веќе во XII - XI в. пр. Ис. Хр., за време на Втората дорска миграција, дел од Бригите се населуваат во Мала Азија каде се нарекле Фриги. Ваквите тврдења дополнително добиваат на тежина ако се знае дека голем дел од античките македонските имиња посведочени во класичниот и доцноантичкиот период имаат лингвистичка аналогија со имињата и јазикот на Фригите од Мала Азија, а чиј број со новите епиграфски наоди се повеќе се зголемува.

Аргумент повеќе е и фактот што бригиските имиња, уште во III век пред Ис.Хр., се посведочени во срцето на Македонија, а не само во нејзините зафрлени краеви како што сметаат некои грчки историчари. Дури и името Македонија најверојатно има бригиско потекло и на старобригиски, односно фригиски јазик, значело ,,земја”.

10 коментари:

Photo Volan рече...

Благодарам за лекцијата :)

Очекувам твој пост за предавањето од сношти. :)

Анонимен рече...

... I jas ocekuvam post za predavanjeto od ponedelnikot. Kibic, ona so slajd shwouto ti e dobra ideja za prezentacija na tvoite predavanja.. predlog de :)

Драган Зајковски рече...

планирам да постирам серија текстово поврзани со историјата на античките Македонци (политичка историја, култура, религија, јазик, обичаи)

Рибаро,
ќе следи и слајд презентација, ама на блогов :))))

Инаку,
на предавањата за жал поради немање на LCD проектор не сум во можност да презентирам слајдови.

Поздрав до двајцата.

Анонимен рече...

Sega ova ce bide off topic ama edno prasanje: Vo koj period se doseluvaat germanskite pleminja Sasi i uste edno imase....znam deka rimjanite gi doselile vo kratovskiot region, ama ima pretpostavka i deka si ostanale tamu da ziveat i deka nikogas ne se vratile!

Драган Зајковски рече...

Катика,
Сасите се сретнуваат во средновековните извори. тие исклучиво се занимаваат со рударство и затоа се наречени Саси - рудари. Меѓу другото се сретнуваат и во кратовско - злетовскиот крај. Но ги има и во средновековна Србија каде и таму се занимавале со рударство.

Што се однесува до претпоставката дека никогаш не се вратиле - најверојатно е така како што кажуваш. Веројатно голем дел трајно се населил, т.е. не се вратил останувајќи да живее во кратовско - злетовскиот регион. но со текот на времето биле асимилирани (се претопиле) од страна на локалното население.

Нешто слично како со Куманово и Кочани. Во Куманово, во средниот век, се населуваат дел од Куманите (татарско племе). По нив и градот го добива името. но со текот на времето тие се асимилирани од локалните жители. Во Кочани пак се Печенезите (исто така татарско племе) И тие подоцна ќе бидат асимилирани и претопени од страна на локалното население.

Поздрав.

Анонимен рече...

Kibicer,zaboravas da go spomnes i edno od najstaroto makedonsko pleme Mijacite, koi sto se direktni potomci na antickite makedonci!!!!!

Драган Зајковски рече...

Секи,
лепото галска,
гледајќи те тебе се повеќе сум убеден дека си задржал од шармот античко - македонски.
Само пази да не се вљубиш во некој Хефастион, па наместо со Вики, со него да праите сноубол.

Анонимен рече...

Ti blagodaram drago tribalsko Kibicerce!
Sekogas vo nedostig na argumenti lugjeto se obiduvaat so lepenje na etiketi da ja odbegnat temata za koja se polemizira.Nejse, i za galskoto poteklo na Mijacite sakam da dobijam konkreten odgovor.
So golema anticka pocit,Seki!

Драган Зајковски рече...

е Секи, Секи...
Галска лепото. Глеам јас дека Французи ти се слаба тачка. Глеј си ја Вики наместо да се ложиш на Жан - Пјер.

Анонимен рече...

Kibicerce najmilo,
Povtorno ostanuvam bez odgovor na moite prasanja.
Ako sakas odgovori mi,ili da ja zavrsime nasata bogata konverzacija!