
Но, Дали е така? Дали законот навистина се почитува?
Вчера, при обид да ги испочитува одредбите од горенаведениот закон, администраторот на Блогот за психолошки работи беше приведен во полициската станица Ново Лисиче. Имено, автобуската контрола на ЈСП, во автобусот бр.5, не само што одбила да му издаде фискална сметка за купениот билет, туку повикала и асистенција од полиција. Притоа, локалниот позорникар, без претходно да се легитимира, што е негова законска обврска според одредбите на новиот Закон за полиција, на безмалку „каубојски начин“ го привел Никола во ПС Ново Лисиче. Наместо да ги спроведува законите, Полицијата свесно ги крши.
1 коментар:
Auuu...i mene ednas slicno ce mi napravea zosto sum gi izmesala kartickite...tie od JSP mnogu agresivni se!
Објави коментар