четврток, декември 14, 2006

Рецензија: Евреите во Македонија XV - XVII век



Низ текот на историјата територијата на Македонија ја населувале разни етнички групи. Меѓу н
ив, секако, и Евреи. Токму историјата на еврејската заедница во Македонија, во периодот од XV – XVII век, е предмет на истражување во книгата на м- р Владимир Јанев насловена како „Евреите во Македонија XV – XVII век“, во издание на Biggos.

Поделена на четири глави, книгата опфаќа еден извонредно интересен и важен период не само од историјата на еврејската заедница во Македонија, туку воопшто од културната историја на македонскиот народ.

Во неа, авторот, најпрво дава кус преглед на историјатот на хебрејските заедници во Македонија, во антиката и средниот век. Веднаш потоа следи главниот дел каде предметот на истражување е насочен на еврејската заедница посведочена во Македонија во периодот од XV до XVII век. Токму во овој главен дел, авторот, пооделно по периоди, дава преглед на политичките, социолошките, културните и сите други аспекти од историјатот на Евреите во Македонија заклучно со XVII век.

3 коментари:

Photo Volan рече...

Мислам дека твојот колега и пријател треба да најде начин да ја стави целата книга на интернет ...

А и кратка рецензија на англиски ...

Анонимен рече...

и јас се сложувам дека оваа книга, по многу нешта интересна, би било убаво да се најде во електронска форма.

А во зависност од можностите, и пропратно предавање :)

Драган Зајковски рече...

Се согласувам со двајцата. Книгата третира еден прилично интересен дел од македонската културна и друга историја. Промоцијата на книгата треба да биде во март. Ќе му сугерирам на Владо да најде начин да ја стави книгата во електронска форма. Иако мислам дека тоа не зависи од него, туку од издавачот кој ги има авторските права.

Поздрав до двајцата.