недела, април 16, 2006

за најстарите примероци евангелија

Четирите евангелија, според Матеј, Марко, Лука и Јован, претставуваат единствен и оттука најзначаен директен историски извор за животот и делото на Исус Христос; од раѓањето, неговото учење, голготата, распнувањето на крстот и воскресението. Тие во модерната наука се предмет на континуирано истражување од теолошки, историски, лингвистички, антрополошки, етнолошки и секаков друг аспект.

Најстарите, досега, сочувани фрагментарни примероци од евангелијата се пронајдени во Египет и истите се датираат во периодот од II – IV век. Од нив, досега, најстар пронајден, фрагментарен новозаветен текст е т.н. „Риландов фрагмент П 52“. Станува збор за фрагментарни остатоци од Евангелието според Јован напишани на папирус кои се датираат околу 125 година. Хронолошки, веднаш по него, датиран најдоцна до 200 година, следи т.н. „Магдален папирус П 64“ кој содржи фрагменти од Евангелието според Матеј.

Во историската наука особен интерес предизвикува прашањето дали четирите канонски евангелија можат да се сметаат за најстари автентични текстови од ранохристијанска провиниенција. Имено, врз основа на пишувањето на Папијас од Хиреаполис (Logia Papias Hierapolitanus Episcopus, Fragmenta ex Exposit. Oracolum Dominic III, B) кој соопштува дека „...Матеј на хебрејски ја напиша Logia...“, во историската наука постои речиси неподелено мислење дека оваа „Logia“ е всушност некоја постара збирка составена од мудрите изреки и зборови на Исус Христос. Дел од научната јавност смета дека токму оваа Logia е всушност првиот обид да се напише евангелие. Подржувачите на оваа теза Logia ја дефинираат како еден вид на прото – евангелие напишано од страна на Матеј. Датирањето на Logia се става во средината на I век.

Податокот на Папијас за постоењето на Logia, особено добил на актуелност по откривањето на т.н. „Oxyrhynchus Papyrus 654 познат и како British Museum Papyrus 1531 verso“. Станува збор за 12 фрагменти од еден поголем текст, откриени во Египет во 1897 и 1903 г., каде што на едно место се цитирани мудрите изреки на Исус Христос. Овие фрагменти, историската наука ги поврзува со „папијасовата“ Logia, тврдејќи дека се дел од неа. Што се однесува до нивното датирање, врз основа на хемиската анализа на папирусот на кои биле напишани, со голема сигурност може да се тврди дека датираат од III век. Сепак, мора да се напомене дека се работи за копии на постари ракописи.

Во контекст на прашањето за најстарите примероци евангелија, т.е. ранохристијански текстови, треба да се спомене пронаоѓањето на т.н. „Егертон папирус 2“, каде што се содржани фрагментарни текстови кои се однесуваат на животот, а посебно на чудата на Исус Христос, цитати од неговите зборови и мудри изреки. Овие фрагменти се пронајдени во Египет, а се датираат најдоцна во 200 година. Со детална анализа на текстовите од Егертон папирус 2 е дојдено до речиси сигурната претпоставка дека станува збор за фрагменти од досега непознато евангелие – можеби се работи за папијасовата Logia. Сепак, за воља на вистината постојат и една помала група научници кои велат дека Егертон папирус 2 е во голема мера сличен со делови од Евангелието според Јован.

На крајот мора да се напомене дека овие, најстари примероци прото – евангелски текстови, сеуште се предмет на научна анализа и дискусија. Многу прашања во врска со нив сеуште остануваат отворени.

И покрај фактот дека најстарите, досега познати, копии на канонските евангелија се датираат во II – IV век, сепак, историската наука, речиси со сигурност претпоставува дека оригиналните евангелски текстови биле напишани меѓу 50 и 120/130 година.

Во продолжение следува табеларен приказ на најстарите фрагментарни примероци евангелски текстови.


125 г.

дo 200 г.

до 200 г.

½ на III век

Евангелие

според Јован

Rylands fragment P52




Евангелие

според Матеј



Magdalen Papyrus (P64)


Logia




Oxyrhynchus Papirus 654

(British Museum Papirus 1531 verso)

Непознато евангелие слично на евангели - ето според Јован

(Logia?)


Papyrus Egerton 2 (Peg2)



Табела на најстарите фрагментарни примероци евангелија

8 коментари:

Анонимен рече...

Дали се евангелијата навистина историски извор во целост? Никаде не е докажано дека Ис. Хр. бил историска личност... Неговото раѓање е повеќе религиозен отколку историски факт. Да не бидам погрешно протолкувана...Немам ништо против (верник сум иако тоа е личен избор) но за да нешто докажеш треба материјално да го опредметиш...значи со артефакти...како поинаку ќе го докажеш постоењето???...барем така ни налага сегашнава наука.

Драган Зајковски рече...

Сведоштвото за историскиот Исус во ништо не е со помала вредност од многу други историски личности посведочени само врз основа на наративните извори.

Убаво си го поставила прашањето „ Дали се евангелијата навистина историски извор во целост? Никаде не е докажано дека Ис. Хр. бил историска личност... “.
Со материјални докази не е докажано ниту дека Кирил и Методиј биле историски личности? Но дали некој се сомнева во нивната историска автентичност? Не.
Врз основа на материјални докази не е докажано ниту дека Карпош бил историска личност. но дали некој се сомнева во неговата историчност? НЕ.

Врз основа на материјални докази не е докажано ниту дека Гоце Делчев е историска личност. Дали тоа значи дека по 2000 години некои наши колеги треба да се сомневаат во неговата автентичност.

Тезата за историската автентичност на Исус се темели на евангелијата. Значи докажувајќи дека евангелијата се веродостоен историски извор, всушност се докажува историската автентичност на лицата спомнати во нив. Се разбира, притоа, треба да се води особено грижа околу методолошкиот пристап при користењето на овие извори (евагелијата). особено важен при оценувањето на секој извор е употребата на споредбениот метод. Дали настаните опишани во новозаветните текстови можат да се проверат во некои други извори од нехристијанска провиниенција.

Па така, податокот кој е содржан во евангелијата, околу пописот на населението во времето на Тибериј, е потврден и во другите нехристијански извори. Понатаму, политичко - општествените прилики карактеристични за Јудеја и Палестина во времето на Исус (1/2 на I век)содржани во евангелијата се сосема идентични со оние во другите нехристијански извори. Понатаму, високите политички личности спомнати во евангелијата се потврдени врз основа на другите нехристијански извори. Понатаму, обичаите и обичајните норми карактеристични за Палњстина, а опишани во евангелијата, се потврдени и врз основа на други нехристијански извори. Оттука со голема веројатност може да се тврди дека евангелијата се автентичен историски извор.

Освен, тоа тука се сведоштвата на апостолите. Пред се Делата на светите апостоли напишани од Лука, посланијата на Павле, Петар, Јуда, Јован. Сите тие во своите текстови сведочат за историскиот Исус. Впроцем како што сведочат текстовите на учениците на Кирил и Методиј, за историчноста на нивните учители.

Вистинското прашање е методолошкиот пристап при употребата на евангелијата како историски извор. Истото важи и за новозаветните, особено старозаветните текстови како историски извори. Ако врз основа на внимателен методолошки пристап (споредување со други извори и сл) се отфлат митските елементи во новозаветните и старозаветните текстови, или конкретно од евангелијата, тогаш тие ни даваат живо и автентично сведоштво за историскиот Исус.

Прашањето за безгрешното зачнување, одењето по море, воскресението и сл. не се работи кои можат да се докажат врз основа на историска методологија Тоа е работа на вистинска вера. она што може да го каже историската наука, а врз основа на анализа на за жал само наративни извори од христијанска провиниенција, е фактот дека со голема сигурност е потврдено дека евангелските и воопшто новозаветни текстови, сведочат за лице кое себеси се нарекувало Месија, кое тврдело дека е Син Божји, кое пострадало на крст, и за кое неговите следбеници (апостолите, мајка му Марија и Марија Магдалена)тврделе дека го виделе воскреснат на третиот ден од неговата смрт. Дали навистина бил историска личност - врз основа на изворите, многу веројатно. Дали навистина бил Син Божји, испратен преку смртта на крстот и воскресението да ги спаси луѓето - е тоа не е работа на историјата туку е прашање на вистинска вера и убедување.

На крај на краиштата и Плурах пишува дека Александар бил зачнат од Ѕевс кој во вид на змија се „ушуњал“ у креветот на Олимпијада. А и кој не би, ако Олимпијада, навистина, изгледала како Анџелина Џоли:))))

Анонимен рече...

Дали овие примероци евангелија можат да се најдат? во текстуална верзија,или како било на нетов или бо некоја книга?

Драган Зајковски рече...

Не сум пробал да ги најдам на нет. Не сум сигурен дека може да се најде оригиналниот текст. Ама пробај. Меѓутоа ќе најдеш нивна историско - лингвистичка обработка. Пиши ми на меил па ќе ти пратам некои статии во врска со нив. Се разбира на англиски се статиите.

Анонимен рече...

Cool guestbook, interesting information... Keep it UP
» »

darko рече...

milozvucna ti se somnevas vo verodostojnosta na evagnelijata a ne se somnevas vo verodostojnosta na toa deka postoel aleksandar makedonski,deka postoel platon,deka postoel napoleon.poverodostojni vi se vas dokazite za platon od koj nema nitu eden originalen tekst seto se kopii 800 godini po negovata smrt a se somenvate vo evangelija za koi se pronajdeni originalni fragmenti i ima kopii samo 30 god po smrtta na isus???

Анонимен рече...

http://goo.gl/UWlSp - creative suite 5 master collection 2010 http://goo.gl/bMN7a - adobe fireworks 10 0 cs4 windows http://goo.gl/SbhEI - indesign cs5 http://goo.gl/6xKDL - adobe dreamweaver cs5 v11 windows http://goo.gl/vxjYE - indesign cs5 premium 7 0 http://goo.gl/AnGAc - flash catalyst cs5 http://goo.gl/euSF5 - dreamweaver cs4 portable http://goo.gl/OPY84 - after effects cs4 http://goo.gl/yiAU0 - creative suite 5 master collection http://goo.gl/6m6mw - dreamweaver cs5 http://goo.gl/HPRjZ - photoshop cs4 portable http://goo.gl/Ysyve - flash cs5 professional http://goo.gl/isxL8 - adobe premiere elements 8 0 windows http://goo.gl/lj6jo - photoshop cs5 extended v12 http://goo.gl/Xaebb - premiere cs5 pro

Анонимен рече...

http://goo.gl/QjA8P - abbey road brilliance pack 1 0 6 windows
http://goo.gl/8VfBZ - activestate komodo ide 6 0 1 57903 mac osx
http://goo.gl/WuYEQ - abbey road rs124 compressor 1 0 windows
http://goo.gl/6HNeS - 4videosoft tod mod converter 3 2 06 windows
http://goo.gl/JfFkX - abylon logon 8 30 11 6 windows
http://goo.gl/ZOR2n - acronis disk director portable 10 0 2 160 windows
http://goo.gl/tSmVH - creative suite 5 web premium
http://goo.gl/6xKDL - adobe dreamweaver cs5 v11 windows
http://goo.gl/3J0zC - abyssmedia audioretoucher 3 6 0 13 windows
http://goo.gl/iBhtU - adobe photoshop elements 7 0 windows
http://goo.gl/Gk6oZ - abbey road tg mastering pack 1 0 2 windows
http://goo.gl/4uoIL - accessory photo snap 3 1 windows
http://goo.gl/oGpj9 - 4videosoft video converter platinum 3 2 06 windows
http://goo.gl/IZ0WR - acronis backup and recovery 10 0 11639 windows
http://goo.gl/sfPE2 - acd systems acdsee pro 2 5 358 windows
http://goo.gl/fUPMx - illustrator cs5
http://goo.gl/AnGAc - flash catalyst cs5
http://goo.gl/yFSj7 - aaa logo 2008
http://goo.gl/yiAU0 - creative suite 5 master collection
http://goo.gl/Ysyve - flash cs5 professional