Според црковната традиција, новозаветните текстови се датираат најдоцна до 80 – 90 година. Сепак, науката, иако генерално се согласува со ова датирање, поместувајќи ја единствено горната граница на датирањето на текстовите до 120 – 130 година, смета дека чинот на утврдувањето на официјалниот канон бил спор процес, тесно поврзан со борбата против ересите.
Уште во првите години по формирањето на првите христијански црковни заедници (првата е формирана во Ерусалим непосредно по вознесението на Исус Христос) се појавила потребата од зацврстување на единството меѓу нив. Ова со цел како би можеле да се одбранат, не само од нападите на ортодоксните хебрејски групи, а почнувајќи од времето на Нерон (54 – 68) и посебно на Трајан (98 – 117) од нападите на римските власти, туку и од разните еретички учења во рамките на христијанството. За таа цел Црквата морала да определи единствена црковна хиерархија, да утврди единствени канонски библиски текстови и да востанови единствено правоверно христијанско учење.
Од особено значење во зацврстувањето на единството на правоверната Црква и нејзините црковни општини ширум Империјата, било утврдувањето на канонските библиски текстови.
Новозаветните текстови биле напишани на старогрчки јазик. Единствено, според кажувањето на Папијас од Хиреаполис (Papias Hierapolitanus Episcopus, Fragmenta ex Exposit. Oracolum Dominic, III, B), а пренесено кај Иринеј Лионски (Irenaeus, Contra Haereses, III, 1, B) и Евсевиј Кесариски (Eusebius, Historia Ecclesiastica, V, VIII, A), само Евангелието според Матеј било напишано на хебрејски јазик, иако досега, за жал, е сочувана, единствено, неговата старогрчка верзија.
Според податоците содржани во делото Canones Ecclesiastici (XLVII, 85), како и според податоците од т.н. Мураториев фрагмент, може да се претпостави дека веќе во втората половина на II век, правоверната Црква го утврдила списокот на новозаветни текстови кои ги сметала за автентични и канонски. Сите останати текстови, пред се од гностичка провиниенција – евангелија, посланија, откровенија и сл. – биле прогласени за неавтентични и еретички.
И покрај релативно големата сигурност на претпоставката дека во втората половина на II век бил утврден новозаветниот канон, сепак, Св. Атанасиј Велики е првиот сосема сигурен извор каде целосно, на едно место, се спомнати сите новозаветни текстови. Станува збор за неговото 39-то по ред писмо, испратено по повод Велигден, а датирано во 367 година. (S. Athanasius, Epistola Festali, Epistola XXXIX, 5) Во писмото, Атанасиј Велики ги набројува сите 27 новозаветни текстови.
7 коментари:
Те кибицирам, Кибицеру, така да си знаеш. :)
Јас, пак, мислев дека на Никејскиот Собор во 325г. е официјално канонизирано Светото Писмо во целост, со старозаветните текстови. Не знам зошто, ми останала таква некоја информација од моето поранешно школување.
На Никејскиот Собор пред се е осудено учењето на Ариј (следниве недели ќе постирам нешто и околу тоа) и што е уште поважно на Соборот е утврден Симболот на верата (Светото Тројство), надополнет на Вториот вселенски собор во Константинопол 381 г.
Освен тоа на Соборот во Никеја, на христијанството преќутно му е даден привилегиран статус во Империјата. Почнувајќи од Соборот во Никеја, целосно се изменил односот на византиските императори кон Црквата, што подоцна ќе стане карактеристика за сите византиски императори.
Што се однесува до канонизацијата на Светото Писмо, на никејскиот собор е наравено толкување на неговите текстови од страна на Светите Отци, со цел аргументирано да се отфли аријанското учење како еретичко. Канонизирањето на новозаветните текстови бил процес кој започнал уште во II век. Се препоставува дека завршил негде во времето на Иринеј Лионски. Притоа не е исклучено за него да станало збор и на Никејскиот собор. Сепак она што со сигурност се знае, а е потврдено во историските извори, е фактот дека на Петто - Шестиот „Трулски“ собор одржан во Цариград, меѓу другите одлуки, било донесено формално - правно потврдување на Старозаветниот и Новозаветниот канон.
„Големиот брат“ сите нас не кибицира:))) Од тоа нема бегање:)))
Кибицер, од каде се податоците во текстот?
Looking for information and found it at this great site... What are some winning fortune cookie numbers
Looking for information and found it at this great site... diagnostic set blood pressure monitor ticket broker Dietary supplements for the skin Arizona alpine pine water bed bad deal http://www.internet-poker-8.info interior design school in illinois Culture games omega watches vardenafil on sale
Објави коментар